- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Догодина ќе почне изградбата на хидроцентралите од проектот „Злетовица“Date of publication: 25 July 2012Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и шведската фирма „Свеко“ денеска го потпишаа Договорот за консултантски услуги за изработка на техничка документација за втората и третата фаза од проектот Хидросистем „Злетовица“. Техничката документација треба да биде изготвена за седум месеци по што ќе почне изградбата на објектите за наводнување и за производство на електрична енергија, активности опфатени со втората и третата фаза. За оваа намена се одобрени еден милион евра од Европската инвестициска банка. Како што беше речено на прес-конференцијата, градежните активности се очекува да почнат во март или април идната година, по распишувањето меѓународен тендер. Инсталираната моќ на планираните осум мали хидрицентрали ќе биде околу 13 мегавати, односно 50 милиони киловат часови годишно производство. - ХС „Злетовица“ е добар пример како домаќински се однесува секоја одговорна влада. Во изминатите четири години, за исклучително кратко време, со рационално трошење на средствата и заштеда од околу пет милиони евра, е завршена првата фаза од проектот, односно е изградена импозантна брана со сите придружни објекти, истакна министерот Димовски по потпишувањето на Договорот. Со заокружувањето на проектот, додаде, ќе се овозможи непречено функционирање на ХС „Злетовица“ без каков било проблем во однос на обезбедувањето вода за населените места Штип, Пробиштип, Карбинци, Свети Николе и Лозово, како и квалитетно наводнување на околу 4.000 хектари земјоделско земјиште. Според директорт на ЈП Хидросистем „Злетовица“ Стојан Миланов, граѓаните очекуваат многу од овој капитален проект. - Со наводнувањето ќе се овозможат многу подобри услови за интензивно земјоделство, особено зашто ова подрачје е многу сушно и досега производителите зависеа само од атмосферските врнежи. Со производството на електрична енергија, пак, ќе се задоволат потребите на општините Кратово и Пробиштип, посочи Миланов. Првата фаза од проектот Хидросистем „Злетовица“ е завршена, а опфаќаше изградба на брана со придружни објекти, зафати и доводи за водоснабдување. Целта беше трајно обезбедување на луѓето, околу 110.000, со вода за пиење. Рационалното работење и заштедата од пет милиони евра овозможи изградба и реконструкција на пречистителните станици во општините. |