Известување до јавноста по повод невистините изнесени на денешната прес - конференција на ЛДП

Во насока на објективно информирање на јавноста, како министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство се чувствуваме одговорни објективно да ја информираме јавноста поради неточните информации кои беа презентирани на денешната прес-конференција на Либерално демократската партија.

Изјавите во медиуите од страна ЛДП се целосно невистинити и најостро се деминатираат:

Според официјалните статистички податоци од Државниот завод за статитсика во привите 4 месеци во 2012 година извозот бележи пораст од 4,3 %, со реализиран извоз од 134 милиони евра во споредба со истиот период од 2011 година 128 милиони евра.

Најизвезувани земјоделски производи во периодот јануари – април 2012 се:

-       тутун (тони во количина од 6 303 и вредност од 24 милиони евра и во споредба со истиот период од 2011 зголемен е извозот за 33,6%),

-       вино од свежо грозје  (во количина од 49 000 хл и вредност од 19,7 милиони евра и во споредба со истиот период од 2011 зголемен е извозот за 46,7%),

-       друго вино - (во количина од 43 798 хл и вредност од 15 милиони евра и во споредба со истиот период од 2011 зголемен е извозот за 54 %),

-       леб печива (во количина од 6123 кг и вредност од 10 милиони евра и во споредба со истиот период од 2011 зголемен е извозот за 11,6 %),

- зелка - Извозот во количина во споредба со истиот период од лани е зголемен за три пати од 22.000 на 63.000 тони. Притоа учеството на извозот во количина во однос на вкупното производство е пораснат од 28% на 59%.

Забележан е зголемен извоз и на останатите земјоделско-прехранбени производи.

Главни земји во кои е извезено  се земјите членки на ЕУ (Грција, Белгија, Германија, Бугарија Словенија, итн) и земјите од ЦЕФТА 2006 (Србија, Косово, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија).

Во целост ја сметаме неточна изнесенита информација во врска со цените на земјоделските производи кои според ЛДП во 2012 година се за 40% пониски од цените на земјоделските производи во 2011 година. Според податоците од Земјоделскиот пазарен информативен систем кои се ажурираат на дневна основа скоро кај сите земјоделски производи чија берба е во тек и кои се наоѓаат на понудата на зелените пазари, цените за мај и јуни 2012 во споредба со цените од истиот период лани речиси двојно се зголемени.