- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Невработените кои примаат социјална помош ќе можат да користат државно земјоделско земјиштеДата на објава: 23 Јули 2012Невработените лица кои примаат социјална парична помош од септември ќе може да аплицираат за користење на државно земјоделско земјиште за период од пет години без надомест. Првата година тие во целост ќе го добиваат и износот на социјалната помош, а втората 50 проценти. Првите две години државата ќе им ги плаќа и социјалните, пензиските и здравствените придонеси, бидејќи ќе треба да се регистрираат како индивидуални земјоделци. Исто така, тие ќе можат да добиваат и државна помош за одгледување житни, индустриски и фуражни, како и градинарски култури. Се размислува да им се помогне да обезбедат полесна механизација за обработка на земјиштето. Ова го предвидува владината Програма за плодоуживање што денеска ја презентираа министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за труд и социјална политика Љупчо Димовски и Споро Ристовски, заедно со директорот на Агенцијата за вработување Златко Поповски, за чија реализација потпишаа и меморандум за соработка. Министерот Димовски појасни дека невработените лица, корисници на социјална помош кои ќе сакаат да одгледуваат индустриски, фуражни или житни култури ќе може да аплицираат за најмногу 4 хектари, ако земјиштето е под систем за наводнување и до 7 хектари ако не е. Доколку сакаат да одгледуваат градинарски култури ќе добиваат максимум по 0,6 хектари кога површините се под систем за наводнување. - Оние кои ќе добијат земја на плодоуживање ќе може да аплицираат и за државна помош и тоа во висина од 20 илјади денари по хектар, но не повеќе од 120 илјади вкупно, ако се работи за индустриска, фуражна или житна култура. За земјоделците кои ќе одгледуваат градинарски култури предвидена е помош во висина од 55 илјади денари по хектар, рече Димовски. Неделава, дедаде, ќе се формира комисија, по што во сите подрачни единици на министерствата за земјоделство и за труд и социјална политика ќе бидат објавени парцелите за кои ќе може да се аплицира. По ова ќе почне и кампања за промоција на Програмата, како и средби со заинтересираните за да се информираат за сите детали. Министерот Ристовски вели дека со оваа мерка Владата сака да им овозможи на невработените лица кои се корисници на социјална помош да се вкчучат во системот на пазарот на труд. - Тие во првата година ќе ја примаат во целост социјалната парична помош, а во втората година ќе им се исплаќа половина. Во првите две години државата ќе им го плаѓа социјалното, здравственото и пензиското осигурување, со оглед на тоа што ќе мора да бидат регистрирани како индивидуални земјоделци чија основна дејност е земјоделството, рече Ристовски. Тој појасни дека средствата за социјална помош ќе се иплаќаат месечно на сметка на корисникот, а социјалното, пензиското и здравственото осугурување на сметките на поздрачните единици. Директорот на Агенцијата за вработување посочи дека откако ќе бидат познати корисниците на земјиштето, оваа институција со нив ќе потпише договор за исплаќање на помошта и на осигурувањето. Тој додаде дека постојано ќе се следи дали лицата кои го добиле земјиштето го обработуваат, како им оди работата и им треба ли некаква помош. Вкупната површина која ќе се дава на плодоуживање е 854 хектари земјиште, распоредено во 24 општини во земјава - Берово, Битола, Македонски Брод, Валандово, Гостивар, Гевгелија, Дебар, Делчево, Демир Хисар, Кочани, Кичево, Крушево, Кратово, Кавадарци, Струга, Струмица, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Велес, Штип, Гази Баба и Чаир. |