- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Повик за доставување на писмо за интерес за учество на јавен оглас за давање на земјоделско земјиште во државна сопственостDate of publication: 18 July 2012Влада на Република Македонија Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува
ПОВИК за доставување на Писмо за интерес за учество на јавен оглас за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост во закуп
I.
1) Се повикуваат сите заинтересирани правни и физички лица да достават Писмо за интерес за учество на јавен оглас за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост во закуп. 2) Земјоделско земјиште во сопственост на државата за која може да се достави Писмо за интерес е со површина од 5353ха 95ар 46м2 распоредени во четири геогравски целини и тоа:
Географска целина 1 Катастарски општини: Пеширово, Амзабегово, Кнежје, Црнилиште, Аџиматово и Сарамзалино. Географска целина 2 Катастарски општини: Ѓуземелци и Милино Географска целина 3 Катастарски општини: Лозово и Каратманово Географска целина 4 Катастарски општини: Дорфулија, Ќоселери, Аџи Бегово и Делисинци
Преглед на површините за Географска целина 1
Преглед на површините за Географска целина 2
Преглед на површините за Географска целина 3
Преглед на површините за Географска целина 4
3) Податоците за земјоделското земјиште од овој јавен оглас (за службености и други товари, за состојбата во која се наоѓа земјиштето, катастарските податоци содржани во имотниот односно поседовниот лист) се во согласност со катастарската евиденција и увид во тие податоци за секоја површина може да се направи на www.mzsv.gov.mk 4) Секое заинтересирано лице може да достави Писмо за интерес за една или повеќе географски целини. 5) Една географска целина е неделива
II. 1) Времетраењето на закупот за кој ќе се издава земјиштето е за: - подигање на маслинарници за период до 50 години; - подигање на долгогодишни насад (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години; - спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години; - рибници за период до 20 години; - одгледување на други земјоделски култури за период до 15 години; - ливади за период до 15 години. 2) Согласно Законот за земјоделско земјиште право на учество на јавен оглас за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост имаат:
- Домашни физички и правни лица и странски правни лица. - Физичките лица, треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и/или запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства и/или да се трговец поединец на кои земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност. - Странските правни лица треба да имаат регистрирано подружница во Република Македонија. - На домашните и странските правни лица или нивните подружници земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност или земјоделското земјиште им е потребно за вршење на научно-истражувачки дејности. - Право на учество на јавниот оглас немаат лицата, кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина по претходно склучени договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.
III. 1) Заинтертесираните правни и физички лица кои ќе се одлучат да достават Писмо за интерес согласно овој повик тоа можат да го направат на следниот начин;
- Во затворенен коверт на кој во горниот лев агол треба да стои ознаката „ Писмо за интерес по Повик за учество на јавен оглас за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост и во средина „Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ул.Јуриј Гагарин бр.15 Скопје” да се достават Писмо за интерес и Бизнис план.
2) Писмото за интерес може да биде составено во форма избрана од заинтересираното лице или во форма на образец кој може да се подигне од www.mzsv.gov.mk.
3) Бизнис планот задолжително требна да содржи: - податоци за изразувачот на интересот; - целта за која ќе го користи земјоделското земјиште; - материјално техничка опременост на заинтересираниото лице; - број на вработени лица кои би се оствариле со добивањето на земјоделското земјиште за кое се изразува интересот; - пазарни аспекти, планирани инвестиции и солвентност на заинтересираното лице и - очекувани производно-економски резултати;
4) Писмото за интерес согласно овој Повик може да се достави во рок од 30 дена од денот на објавувањето во јавните гласила. 5) Физичките и правни лица кои ќе достават писмо за интерес по овој Јавен повик ќе бидат поканети да земат Учество на Јавниот оглас за давање на на земјоделско земјиште во државна сопственост во закуп предмет на овој повик, кој ќе биде распишан непосредно по истекот на рокот за доставување на Писма за интерес согласно овој Повик. 6) Единствен критериум за избор на најповолен понудувач согласно Јавниот оглас ќе биде највисоко понудената закупнина. 7) Минималните услови во однос на материјално техничка опременост (планирани инвестиции и средства за обработка на земјиштето) и планираниот број на вработени кои треба да ги исполнуваат Понудувачите , како и останатите потребни услови и документи предвидени согласно Законот за земјоделско земјиште ќе бидат дефинирани во Јавниот оглас. IV.ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на телефон: 02 313 44 77 или да ја посетат веб страницата на Министерството www.mzsv.gov.mk Додаток за превземање: Додаток за превземање: |