Повик за доставување на писмо за интерес за учество на јавен оглас за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост

Дата на објава: 
18 Јули 2012

Влада на Република Македонија

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува

 

ПОВИК

за доставување на Писмо за интерес за учество на јавен оглас за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост во закуп

I.

1) Се повикуваат сите заинтересирани правни и физички лица да достават Писмо за интерес за учество на јавен оглас за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост во закуп.

2) Земјоделско земјиште во сопственост на државата за која може да се достави Писмо за интерес е со површина од 5353ха 95ар 46м2 распоредени во четири геогравски целини и тоа:

 

Географска целина 1

Катастарски општини: Пеширово, Амзабегово, Кнежје, Црнилиште, Аџиматово и  Сарамзалино.

Географска целина 2

Катастарски општини: Ѓуземелци  и Милино

Географска целина 3

Катастарски општини: Лозово  и Каратманово

Географска целина 4

Катастарски општини: Дорфулија, Ќоселери, Аџи Бегово и Делисинци

 

Преглед на површините за Географска целина 1

Р. Бр

КАТАСТАРСКА ОПШТИНА

Под систем за наводнување

Без систем за наводнување

Вкупно

ха

ар

м2

ха

ар

м2

ха

ар

м2

1

ПЕШИРОВО

7

62

44

0

00

00

7

62

44

2

АМЗАБЕГОВО

31

07

64

0

00

00

31

07

64

3

КНЕЖЈЕ

0

00

00

120

33

15

120

33

15

4

ЦРНИЛИШТЕ

222

80

01

217

39

09

440

19

10

5

АЏИМАТОВО

178

71

27

63

24

11

241

95

38

6

САРАМЗАЛИНО

221

60

35

108

06

90

329

67

25

Се вкупно:

661

81

71

509

03

25

1170

84

96

 

Преглед на површините за Географска целина 2

Р. Бр

КАТАСТАРСКА ОПШТИНА

Под систем за наводнување

Без систем за наводнување

Вкупно

ха

ар

м2

ха

ар

м2

ха

ар

м2

1

ЃУЗЕМЕЛЦИ

0

00

00

272

96

61

272

96

61

2

МИЛИНО

263

36

61

1093

18

55

1356

55

16

Се вкупно:

263

36

61

1366

15

16

1629

51

77

 

Преглед на површините за Географска целина 3

Р. Бр

КАТАСТАРСКА ОПШТИНА

Под систем за наводнување

Без систем за наводнување

Вкупно

ха

ар

м2

ха

ар

м2

ха

ар

м2

1

ЛОЗОВО

236

65

88

343

75

92

580

41

80

2

КАРАТМАНОВО

68

52

33

661

03

34

729

55

67

Се вкупно:

305

18

21

1004

79

26

1309

97

47

 

Преглед на површините за Географска целина 4

Р. Бр

КАТАСТАРСКА ОПШТИНА

Под систем за наводнување

Без систем за наводнување

Вкупно

ха

ар

м2

ха

ар

м2

ха

ар

м2

1

ДОРФУЛИЈА

288

93

21

341

61

99

630

55

20

2

ЌОСЕЛЕРИ

124

59

35

122

95

62

247

54

97

3

АЏИ БЕГОВО

66

28

04

7

73

09

74

01

13

4

ДЕЛИСИНЦИ

291

49

96

0

00

00

291

49

96

Се вкупно:

771

30

56

472

30

70

1243

61

26

 

 

 

3) Податоците за земјоделското земјиште од овој јавен оглас (за службености и други товари, за состојбата во која се наоѓа земјиштето, катастарските податоци содржани во имотниот односно поседовниот лист) се во согласност со катастарската евиденција и увид во тие податоци за секоја површина може да се направи на www.mzsv.gov.mk

4) Секое заинтересирано лице  може да достави Писмо за интерес за една или повеќе географски целини.

5) Една географска целина е неделива

 

II.

1) Времетраењето на закупот за кој ќе се издава земјиштето е за:

- подигање на маслинарници за период до 50 години;

- подигање на долгогодишни насад (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години;

- спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години;

- рибници за период до 20 години;

- одгледување на други земјоделски култури  за период до 15 години;

- ливади за период до 15 години.

2) Согласно Законот за земјоделско земјиште право на учество на јавен оглас за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост имаат:

 

- Домашни физички и правни лица и странски правни лица.

- Физичките лица, треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и/или запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства и/или да се трговец поединец на кои земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност.

-  Странските правни лица треба да имаат регистрирано подружница во  Република Македонија.

-  На домашните и странските правни лица или нивните подружници земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност или земјоделското земјиште им е потребно за вршење на научно-истражувачки дејности.

-  Право на учество на јавниот оглас немаат лицата, кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина по претходно склучени договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

 

III.

1) Заинтертесираните правни и физички лица кои ќе се одлучат да достават Писмо за интерес согласно овој повик тоа можат да го направат на следниот начин;

 

- Во затворенен коверт на кој во горниот лев агол треба да стои ознаката Писмо за интерес по Повик за учество на јавен оглас за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост и во средина „Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ул.Јуриј Гагарин бр.15 Скопје” да се достават Писмо за интерес и Бизнис план.

2) Писмото за интерес може да биде составено во форма избрана од заинтересираното лице или во форма на образец кој може да се подигне од www.mzsv.gov.mk.

 

3) Бизнис планот задолжително требна да содржи:

- податоци за изразувачот на интересот;

- целта за која ќе го користи земјоделското земјиште;

- материјално техничка опременост на заинтересираниото лице;

- број на вработени лица кои би се оствариле со добивањето на земјоделското земјиште за кое се изразува интересот;

- пазарни аспекти, планирани инвестиции и солвентност на заинтересираното лице и

- очекувани производно-економски резултати;

 

4) Писмото за интерес согласно овој Повик може да се достави во рок од 30 дена од денот на објавувањето во јавните гласила.

5) Физичките и правни лица кои ќе достават писмо за интерес по овој Јавен повик ќе бидат поканети да земат Учество на Јавниот оглас за давање на на земјоделско земјиште во државна сопственост во закуп предмет на овој повик, кој ќе биде распишан непосредно по истекот на рокот за доставување на Писма за интерес согласно овој Повик.

6) Единствен критериум за избор на најповолен понудувач согласно Јавниот оглас ќе биде највисоко  понудената закупнина.

7) Минималните услови во однос на материјално техничка опременост (планирани инвестиции и средства за обработка на земјиштето) и планираниот број на вработени кои треба да ги исполнуваат Понудувачите , како и останатите потребни услови и документи предвидени согласно Законот за земјоделско земјиште ќе бидат дефинирани во Јавниот оглас.

IV.ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на телефон: 02 313 44 77 или да ја посетат веб страницата на  Министерството  www.mzsv.gov.mk

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: