Почна откупот на тутунот од годинашнава реколта

Дата на објава: 
19 Ноември 2009
tutun Prilep.jpg

Нема проблеми околу годинашниот откуп а тутунот, а на барање на производителите, како што информира  министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски при денешната посета на еден од откупните пунктови во прилепскиот Тутунски комбинат, годинава порано почна откупната кампања. Родот е квалитетен и за 30 отсто поголем од минатата година. Ова според министерот Димовски верува дека тутунарите ќе постигнат повисока цена од ланската.

 

320 откупни пункта во државава се проверени од страна на Државниот инспекторат за земјоделство, а осумте лиценцирани откупувачи имаат обезбедено пари за исплата на тутунот. Министерот потернцира дека субвенциите што ги дава државава придонесоа да се зголеми интересот за тутунопроизводството во нашава држава.

 

Според директорот на Тутунскиот комбинат - Прилеп Жарко Христоски, компанијата ќе откупува тутун на повеќе од 20 пункта во Прилепско, Струмица и Радовиш. Просечно постигнатата цена за килограм тутун, зависно од класата и квалитетот, во почетокот на откупот  изнесува 160 денари за килограм. Исплатата на откупените количини, како што најавија од прилепскиот Тутунски комбинат  ќе се врши за шест до седум дена.