- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Најниската откупна цена на пченицата 14 денари за килограмDate of publication: 4 July 2012Најниската откупна цена на пченицата ќе изнесува 14 денари за килограм, договорија денеска производителите и мелничарите. За поквалитетниот род лебно жито, се согласија на средбата во ЗК „Пелагонија“, ќе се плаќа повеќе. - Двете страни постигнаа договор за дефинирање минимум 14 денари, откуп по принципот „видено-купено“ или пченица со најнизок квалитет. Секоја пченица што е со повисок квалитет ќе добие повисока цена. Бидејќи во источниот дел на Македонија веќе се откупува пченицата но со пониска цена, ќе се ревидира во зависност од нејзиниот квалитет, изјави ресорниот министер Љупчо Димовски кој присуствуваше на состанокот. Тој најави засилени инспекциски контроли со цел спречување на какви било манипулации при откупот. - Целосно ќе се почитува регистерот на овластени компании што се занимаваат со откуп, промет и увоз на пченица или производи од пченица од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Ќе се заложам за корекции во одлуката околу режимот на сообраќај на товарните возила кои превезуваат пченица, а за време на откупот сите заинтересирани страни заеднички ќе заседаваат секои 15 дена за решавање проблеми доколку се појават за годинашната реколта да мине без проблеми, напомена Димовски. Земјоделците годинава очекуваат квалитетна пченица и постигнување повисока цена. - Веруваме дека на производителите од источниот дел на Македонија ќе им биде надоместена разликата бидејќи нивната пченица се откупува по 12 денари за килограм. Воедно ги поддржуваме и владините мерки за заштита на домашното производство, претседателот на Сојузот на земјоделците на Македонија Вељо Тантаров. Очекувања за поголем квалитет има и најголемиот произведувачки капацитет во државата ЗК „Пелагонија“. - Како лани, така и годинава очекуваме повисока цена од најниско утврдената, бидејќи пченицата што се произведува во „Пелагонија“ е со висок квалитет, рече извршниот директор Драги Петровски. |