Јавен оглас бр. 08/12

Date of publication: 
27 June 2012

Врз основа на член 21 од Законот за земјоделско земјиште (“Службен весник на Република Македонија” бр. 135/07, 18/11 и 148/11), по Одлуката бр.22-6460/1 од 11.06.2012 година, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува

 

Ј а в е н О Г Л А С бр. 08/12

за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

I. ПРЕДМЕТ НА јавниот ОГЛАС

Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата во регионот Радовиш за вкупна површина од 171ха 36ар 37м2

 

Р.

бр

КАТАСТАРСКА

ОПШТИНА

МЕСТО

ВИКАНО

И.Л.

бр.

К.П.

бр

култура

К.К

ПОВРШИНА

ха

ар

m2

1

Гарван

Тршан Трло

326

170

11000

6

6

49

10

2

Гарван

Среден Рид

326

331

11000

5

1

69

63

3

Гарван

Аџиица

326

669

11000

5

40

97

91

4

Гарван

Кимос

326

712

11000

5

11

15

42

5

Гарван

Грашиште

326

764

11000

5

9

66

32

6

Гарван

Бара

326

1885

11000

5

6

16

09

7

Гарван

Сулевица

326

269/1

11000

5

22

28

08

8

Гарван

Мантово

326

354/2

11000

6

5

67

57

9

Гарван

Круша

326

1790/1

11000

6

2

63

16

10

Гарван

Бара

326

1942/2

11000

6

6

94

15

11

Скоруша

Долни Бресја

160

840

11000

5

29

37

58

12

Скоруша

Бубаќите

160

2170/1

11000

5

28

31

36

Вкупно:

171

36

37

 

Податоците за земјоделското земјиште од овој јавен оглас (за службености и други товари, за состојбата во која се наоѓа земјиштето, катастарските податоци содржани во имотниот односно поседовниот лист) се во согласност со катастарската евиденција и увид во тие податоци за секоја површина може да се направи на огласна табла во подрачната единица во Министерството, надлежна за соодветната огласена површина.

Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето е:

- подигање на маслинарници за период до 50 години;

- подигање на долгогодишни насад (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години;

- спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години;

- рибници за период до 20 години;

- одгледување на други земјоделски култури за период до 15 години;

- ливади за период до 15 години.

 

II. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА јавниот ОГЛАС

1) Право на учество на јавниот оглас за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост, имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.

2) Физичките лица од дел III ставот 1 од овој јавен оглас, треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и/или запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства и/или да се трговец поединец на кои земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност.

3) Странските правни лица од дел III ставот 1 од овој јавен оглас, имаат право да учествуваат на јавен оглас доколку имаат регистрирано подружници во Република Македонија.

4) На домашните и странските правни лица или нивните подружници земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност или земјоделското земјиште им е потребно за вршење на научно-истражувачки дејности.

5) Право на учество на јавниот оглас и на поднесување на понуди во постапка со прибирање на понуди немаат лицата од дел III ставот 1 од овој јавен оглас, кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина по претходно склучени договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

6) Право на учество на јавниот оглас немаат правни лица за кои е отворена стечајна постапка, како и непрофитните организации.

 

 

 

III. ОБРАЗЕЦ ЗА УЧЕСТВО НА Јавниот ОГЛАС (ПОНУДА)

Образецот за учество на јавниот оглас (понуда), може да се подигне во подрачните единици на Министерството и истиот мора да се пополни со сите потребни податоци и да се достави со потребната документација во затворениот коверт, во спротивно понудата нема да биде разгледувана.

IV. ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА ПОНУДУВАЧОТ Е ДОЛЖЕН ДА ЈА ДОСТАВИ СО ПОНУДАТА

1) Учесниците на јавниот оглас за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост во закуп се должни да достават:

а) за правни лица:

- понуда за износот на годишната закупнина (образец од подрачна единица на Министерството)

- доказ (акт) издаден од Централниот регистар на Република Македонија за извршениот упис во трговскиот регистар или од друг надлежен орган за упис на правните лица;

- доказ за намирени обврски по однос на придонеси на плати и плати за вработените (потврда издадена од Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, потврда издадена од Фонд за здравствено осигурување и уверение издадено од Управа за јавни приходи);

- бизнис план кој содржи основни податоци за учесникот, целта за која ќе го користи земјиштето, применета технологија, број на вработени, пазарни аспекти, очекувани производно-економски резултати;

- изјава (заверена на нотар) од основачите и одговорното лице во правното лице дека не биле основачи или управители на правното лице кое користело земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп, а кое не ги исполнило обврските од тој договор и

- потврда од подрачна единица на Министерството дека нема обврски по однос на неплатена закупнина за користење на државно земјоделско земјиште.

б) за физички лица:

- понуда за износот на годишната закупнина (образец од подрачна единица на Министерството)

- доказ за подмирени јавни давачки (уверение издадено од Управа за јавни приходи)

- фотокопија од лична карта;

- програма за користење на земјиштето кое содржи основни податоци за семејството, техничко-технолошка опременост, целта за која ќе го користи земјиштето, пазарни аспекти;

- потврда за упис во единствениот регистар на земјоделски стопанства или решение за регистриран вршител на земјоделска дејност (издадено од подрачна единица при Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство или од фондот за пензиско и инвалидско осигурување за стекнато својство на осигуреник како индивидуален земјоделец) или доказ од централниот регистар за регистиран трговец поединец:

- изјава за веродостојноста на податоците дадени со понудата заверена на нотар;

- изјава заверена на нотар дека не бил основач или одговорно лице во правното лице кое користело земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп, а кое не ги исполнило обврските од тој договор и

- потврда од подрачна единица на Министерството дека нема обврски по однос на неплатена закупнина за користење на државно земјоделско земјиште.

2) Некомплетни и ненавремено доставени понуди на јавениот оглас нема да се разгледуваат.

3) Потребната документација се доставува во оргинал или фотокопија заверена на нотар.

V. ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДАТА

Образецот за учество на јавниот оглас (понудата) се доставува во еден оригинален примерок заверен и потпишан од понудувачот.

Секој понудувач може да достави само еден оригинален образец (понуда).

Понудата се поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневниот печат, до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - Скопје.

 

Понудата и другата документација се доставуваат во затворен коверт на кој во горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај, „Понуда по Оглас 08/12 за земјоделско земјиште под закуп во регион (се впишува регионот) и во средина Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ул.Јуриј Гагарин бр.15 Скопје”

Ковертот не треба да содржи никаква ознака со која би можел да се идентификува понудувачот, односно испраќачот.

VI. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ

1) Комисијата врши избор на најповолен понудувач врз основа на критериумот утврден во член 25, 26 и 27 став 1 од Законот за земјоделско земјиште (“Службен весник на Република Македонија” бр. 135/07, 18/11 и 148/11),

- највисока понудена годишна закупнина

Големината на површината на земјоделско земјиште која ке ја добие еден понудувач ке се утврди врз основа на критериумите утврдени во член 27 став 2 од Законот за земјоделско земјиште (“Службен весник на Република Македонија” бр. 135/07, 18/11 и 148/11), и член 4 од Правилникот за поблиските критериуми за избор на најповолен понудувач на земјоделско земјиште во државна сопственост (“Службен весник на Република Македонија“ бр.12/08 и 26/12) и тоа:

- минимално материјално – техничката опременост на понудувачот и

- бројот на планирани вработувања односно вработени според бизнис планот како следи:

- за површини до 50 хектари - најмалку 1 трактор од лесна категорија (до 80 kw) и најмалку еден планиран вработен во редовен работен однос;

- за површини до 100 хектари – најмалку 2 трактори од лесна категорија или најмалку 1 средна (од 80 kw – 120 kw) и најмалку 2 планирани вработени во редовен работен однос;

-за површина до 150 хектари - најмалку 4 трактори од лесна категорија или најмалку 2 средна или најмалку 1 тешка (над 120 kw) и најмалку 4 планирани вработени во редовен работен однос;

- за површина над 150 хектари бројот / капацитетот на механизација сразмерно да расте со големината на површината која ке се обработува и на секој 50 хектари планирано по еден вработен во редовен работен однос

За докажување на материјално техничката опременост секој понудувач е должен да достави соодветен доказ (сообраќајна дозвола, фактура, договор за купопродажба заверен на нотар, правосилна судска одлука или акт на друг надлежен орган) и во постапката ке се цени само материјално техничката опременост на понудувакот за кое има доставено ваков доказ.

2) Почетната цена по хектар во постапка по овој јавен оглас се утврдува во зависност од катастарската класа и местоположбата на земјиштето.

3) Почетната цена изнесува 25 евра во денарска противредност за земјоделско земјиште од 1 до 4 катастарска класа и 15 евра во денарска противвредност за земјоделско земјиште од 5 до 8 катастарска класа, по среден курс на Народна Банка на Република Македонија на денот на уплатата.

4) Почетната цена на земјоделското земјиште кое се наоѓа во планински подрачја, почетната цена за земјиштето од 1 до 4 катастарска класа изнесува 15, а за земјиште од 5 до 8 класа изнесува 5 евра во денарска противврденост, по среден курс на Народна Банка на Република Македонија на денот на уплатата.

5) Понудите кои не ја содржат целата потребна документација, доставена во оргинал или фотокопија заверена на нотар, понудите кои се поднесени по истекот на рокот за поднесување, означен коверт со која би можел да се идентификува понудувачот, понуди помали од најнискиот износ на годишната закупнина, се поднесени од лице кое нема право да поднесува понуди, како и понудите кои не се изработени според условите утврдени во јавниот оглас, се отфрлаат како некомплетни.

 

VII. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на телефон: 02 313 44 77 или да ја посетат веб страницата на Министерството www.mzsv.gov.mk