ЈАВЕН КОНКУРС

Date of publication: 
20 June 2012

ЈАВЕН КОНКУРС

за доделување на дозволи за давање на јавни услуги

од областа на здравјето на растенијата

 

 

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Растенијата како добро од општ интерес имаат посебна заштита утврдена со Законот за здравје на растенијата („Службен весник на РМ“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11 и 148/11).

Нарачател на јавниот конкурс е Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Фитосанитарна управа.

Право на учество на јавниот конкурс имаат сите правни и физички лица кои ги исполнувата општите услови од член 60 од Закон за здравјето на растенијата и посебните услови утврдени со Правилникот за поблиските услови за просториите и опремата за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата („Службен весник на РМ“ бр.12/2011).

Јавниот конкурс за доделување на дозволи за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата трае пет работни дена од денот на неговото објавување.

 

II. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ КОНКУРС

Предмет на јавниот конкурс е издавање на дозволи за давање на услуги во областа на здравјето на растенијата.