- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Средба на министерот Димовски со претставници на компанијата Сахара Индија ПариварDate of publication: 15 June 2012Во рамките престојот на индиската делегација предводена од индискиот мултимилијардер Субрата Рој, кој е прогласен за еден од највлијателните луѓе и најголем приватен работодавач во Индија, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, оствари средба со претставници на компанијата Сахара Индија Паривар.
На средбата, гостите изразија голем интерес за вложување во земјоделскиот сектор, со што фокусот беше ставен на индустријата за млеко, месо и месни производи. Министерот Димовски ги запозна со условите за инвестирање во млечната индустрија, откупно дистрибутивните центри, како и условите за инвестирање во индустријата за преработка на млеко и месо.
Меѓу другото, Димовски на претставниците на индиската делегација им ја објасни програмата за субвенционирање и стратегијата за развојот на сточарството до 2020 година. Посебен осврт се даде на зголеменето органско производство на млеко, месо и сирење чија што вредност на готови производи изнесува 1:5 во споредба со традиционалното производство, со што Република Македонија ја прави прва земја во регионот по производство на производи од органско потекло. Исто така, со оглед на огромниот интерес кој индиската компанија го искажа во врска со индустријата за млеко и млечни производи, министерот Димовски им ја презентираше програмата во делот на субвенцирањето по грло говеда, високо стелни крави и субвенционирање на млекото на оние фармери кои го предаваат произведеното млеко во регистрираните откупни млекарници. Министерот Димовски истакна дека министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е обврзано да ги почитува за високите стандарди во законодавтвото на Европската Унија, бидејќи сите закони во Република Македонија кои се однсеуваат на областа на земјоделството се целосно усогласени со законодавството на Европската Унија.
На крајот на средбата, претставниците на индиската компанија Сахара Индија Паривар упатија благодарност до министерот за гостопримството и ја изразија својата желба за повторна средба и инвестрирање во земјоделството, со пораката на сопственикот на компанијата, Субрата Рој, кој не верува во долгорочна врска, туку во доживотна врска. |