- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
ИПАРД- програмата презентирана и пред земјоделците од ПолошкоDate of publication: 17 November 2009Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска, на земјоделците и преработувачите од Полошкиот регион им ја претстави ИПАРД програмата. Претставниците од ресорното министерство ги информираа земјоделците дека основни цели на ИПАРД-програмата, односно на европските предпристапни фондови се подобрување на пазарната ефикасност и спроведување на стандардите на Европската унија во земјоделско - прехранбениот сектор, со цел тој да се подготви за пристап кон
Европската унија. ИПАРД програмата посочија тие има за цел и развој на економијата во руралните средини.
Од министерството за земјоделство ги информира присутните дека 75 отсто средства на ИПАРД се од буџетот на Европската унија и 25 отсто од домашниот буџет. За периодот 2007-2013, земјоделците и преработувачите од Република Македонија од европските предпристапни фондови имаат на располагање 60,7 милиони евра.
ИПАРД-програмата, по принципот на кофинансирање поддржува три мерки. Инвестирање во земјоделски стопанства, за преструктуирање и надградба според стандардите на ЕУ, за преработка и пласман на земјоделските и прехранбените производи според стандардите на ЕУ и за развој на главните рурални економски активности. |