Средба на министерот Димовски со претставник на турски Суташ

Date of publication: 
14 June 2012
2.jpg

Министерот Љупчо Димовски и министерот без ресор Хади Незир денеска се сретнаа со претставник на Турската компанија Суташ, менаџерот на фабриката за млеко во Македонија, Али Мушвик Созер.

 

Мушвик Созер го извести министерот Димовски дека веќе се завршени формалностите за преземање на фабриката за млеко и млечни производи Сведмилк во Скопје.  Производстото се очекува да започене во септември. Со новините кои како Суташ ќе ги воведат во фабриката која во моментов нема тврда програма  имаат за цел да ги зголемат пазарите во Македонија и во околните земји и да ја покачат потрошувачката на млеко и млечни производи во регионот.

 

Тој рече дека  со планираната нова инвестиција  машина за тврда преработка ќе го зголемат капацитетот на преработка на млеко на 200 тони дневна преработка и ја изрази својата благодарност до министерот Димовски и до Владата на Република Македонија за успешната соработка и за подршката која ја добиваат. Исто така нагласи дека по започнувањето на работата на фабрикита за млечни производи инвестициите ќе ги продолжат со изградба на фарми за млечно сточарство, фабрика за сточна храна и фабрики за рециклажа и за производство на енергија

 

Министерот Димовски им посака успешна работа и успешна реализација на идните планирани активности.