- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Реакција на Министерството за земјоделство на изјавата на Зоран Шапуриќ од Либерално-демократската партијаDate of publication: 12 June 2012Зацртаните политики на континуирана и зголемувачка поддршка на земјоделството и руралниот развој на Владата на Република Македонија ги даваат своите резултати. Нив може да не ги види само тој што не го разбира секторот или работите сака да ги прикаже поинаку.
Зголемените износи на средства се насочени кон поттикнување на нови инвестиции во земјоделскиот сектор, но и кон покривање на дел од зголемените трошоци на производството како резултат на повисоката цена на нафтата и другите инпути на светските пазари. Со ваквата засилена поддршка се успеа да се запре континуираниот тренд на пад на земјоделското производство во последните 15 години кој беше резултат на отсуство на било какви политики на поддршка на земјоделството во услови кога сите други земји засилено инвестираат големи средства во овој сектор, кога се упропастија големите витални земјоделски комплекси како носители на развојот, и кога паралелно се либерализираше домашното неопреструктуирано и ослабено производство.
Поставување на земјоделството како приоритет на владините политики во последниве пет години кај добар дел од подсекторите, особено оние со конкурентна предност, тутунот, виното, овошјето и зеленчукот, овчарството, козарството и друго, обезбеди и зголемување на обемот на производството во однос на изминатиот период на постојан пад.
Исправноста на политиките на Владата на Република Македонија да го поддржува земјоделството за разлика од претходните политики на негово игнорирање, се докажува преку зголемениот износ на обемот на производство кое се рефлектира на постојан пораст на извозот на земјоделските и прехрамбени производи во последниве неколку години, и особено изминатата година кога достигна историски највисоки 468 милиони евра или двојно повеќе од периодот од пред пет години.
Земјоделството како економска гранка, со поддршката обезбедена од Владата и во услови на криза обезбедува континуиран раст на своето производство кој во првиот квартал од годинава изнесуваше 2,3% а за следниот квартал се очекува раст од 2,5%.
Владата и во иднина, особено преку покривање на 50% на трошоците на инвестициите и обезбедување на поволни кредити за земјоделците (3% каматна стапка), ќе продолжи да ги поддржува бизнис идеите на предпримачливите земјоделци и преработувачи на земјоделски производи во зголемување на нивната конкурентност на земјоделските пазари што постепено треба да придонесе кон понатамошно зголемување на извозот и намалување на увозот на земјоделските производи.
Во таа насока покрај субвенционирањето, помеѓу другите се и превземените мерките за ослободување од персонален данок или само 2% данок до приходи од 1,3 милиони денари, најмали месечни уплати за пензиско и здраствено осигурување за земјоделците, потоа мерките за надминување на структурните проблеми како што се засилена поддршка на здружувањето на земјоделците во задруги и окрупнување на земјоделското земјиште.
И на крајот последниот доказ дека политиките на Владата успеваат во земјоделството е што за него конечно прозбореа и тие кои истото досега воопшто не ги интересираше. |