Новите мерки за поддршка на земјоделскиот сектор поздравени од бизнисмените од Гевгелија и Негорци

Дата на објава: 
6 Јуни 2012
2283.JPG

Четири од вкупно 12 те економски мерки кои пред неколку дена ги промовираше Владата се насочени кон агросекторот.Со една од нив преку докапитализација на македонската банка за поддршка на развојот малите и средни фирми од преработувачката индустрија на располагање имаат нови 10,7 милиони евра.

 

Новите мерки поврзани со поддршката на секторот земјоделство беа тема и на денешната средба на министерот за земјоделство Љупчо Димовски со претставниците од преработувачките капацитети во Гевгелија.

 

За време на посетата на ,,Алтра“ Гевгелија и Дием ГП“ од Негорци Димовски ги имформираше менаџерите на двете компании дека  една од меркатите се однесува на допрецизирање на условите во делот на обезбедувањето на финансиски средства и тоа по два основи.

 

,,Се работи за финансиски средства за инвестирање во опрема како основни средства и финансиски средства кои што би можеле да послужат како обртни средства во делот на откупот на земјоделски производи кои што понатаму би биле преработени во делот на преработувачкиот капацитет,односно замрзнати како што е случајот со компанијата ,,Алтра“.Многу е битно за нас заради тоа што ние сме пред започнување на земјоделските активности околу помасовен откуп на земјоделски производи што  е многу битно за нас заради тоа што сакаме да имаме услови на средени пазарни односи каде што не би требало да се очекуваат некои особени осцилации во делот на пласманот,во делот на количините и пред се во делот на откупната цена.Овој сектор има исклучително важно значење во функционирање на овие пазарни законитости заради тоа што на некој начин е катализатор за одредени моментални шпицови или вишоци пазарни кои што би можеле да бидат апсорбирани од нивна страна“ - рече министерот Димовски.

 

За претставниците на преработувачката индустрија ваквите мeрки ке значат многу, како за примарното производство така и за индустријата.

 

,,Секоја фирма од нас ке си ја најде мерката што најмногу и одговара. Мислиме дека резултатите ке бидат големи во делот на откупот,во делот на средствата што ни ги нудат со тие 3% камати треба да ни бидат една потпора во делот на окупот каде што ке бидеме подготвени да се соочиме со некои неконкурентни работи,, рече Петар Атанасов – менаџер на ,,Дием ГП“  - Негорци

 

,,Вакви мерки какви што сега се предлагаат би биле од голема полза во надминување на соодветните проблеми во смисла на зголемување на ликвидноста или подобрување на ликвидноста на фирмите,поготово во моментот на  откупната сезона за земјоделските производи со што би можеле да кажеме и дека ке го зголемиме производството и обемот на производството пред се,а со тоа ке придонесеме производителите да ги добијат навремено своите средства за суровините кои што ке ги испорачаат во нашите производни погони.,, вели Трајко Алчинов – менаџер на ,,АЛТРА,, - Гевгелија

 

Новиот пакет мерки насочени кон агросекторот мегу другото предвидува и проект за легализација на објекти за земјоделска намена кои се бесправно изградени на земјоделско земјиште.Легализација на нерегистрирани трактори и тракторски приколки како и програма за доделување на 850 хектари државно земјиште на плодоуживање на социјално необезбедени лица.