ЈАВЕН КОНКУРС за давател на јавни услуги спроведување на мерки и активности од ЗОПОД и развојно истражувачки задачи
Дата на објава: 
27 Февруари 2018

Врз основа на член 60–б од Законот за сточарството (,,Службен весник на Р.М” бр. 07/08, 116/10,  23/13, 149/15 и 39/16), а во согласност со дел I мерка 6 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2018 година (,,Сл. весник на Р.М”бр.17/18) Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство обjавува:

ЈАВЕН КОНКУРС

за давател  на јавни услуги спроведување на мерки и активности од ЗОПОД (Заедничка основна програма за одгледување на добиток) и развојно истражувачки задачи од подрачјето на изведувањето на програмите за одгледување за потребите на ЗОПОД за 2018 година

На јавниот конкурс може да се јават овластени субјекти за спроведување на мерки и активности од ЗОПОД и развојно истражувачки задачи од подрачјето на изведувањето на програмите за одгледување за потребите на ЗОПОД за 2018 година.

Деталите од ЈАВНИОТ КОНКУРС се во додатокот за превземање.

Додаток за превземање: 

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовни ревири и рекреативни зони
Дата на објава: 
27 Февруари 2018

Врз основа на член 42 став 2 од Законот за рибарство и аквакултура (“Службен весник на Република Македонија” бр. 7/08, 67/10, 47/11, 53/11, 95/12, 164/13, 116/14, 154/15, 193/15 и 39/16) и Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Брегалница-Винички“ бр.44-7931/1, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Брегалница-Штипски“ бр.44-7931/2, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Вардар 1 - Гостиварски“ бр. 44-7931/3, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Вардар 2 - Скопски“ бр. .44-7931/4, Одлуката за започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир “Вардар 4 - Велешки“ бр.

Додаток за превземање: 

Трибина во Конче:Повисоки субвенции за килограм тутун,стимулација за подобар земјоделски производ
Дата на објава: 
24 Февруари 2018
konce.jpg

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, советничката за земјоделство на премиерот, Ленче Николовска, директорката на УЈП,Сања Лукаревска, директорите на Платежната агенција и на Државниот инспекторат за земјоделство, Николче Бабовски и Јане Станкоски, денеска беа во посета на општината Конче, каде што присуствуваа на трибина за состојбите во земјоделството.


Бизнисмени од Албанија заинтересирани за инвестиции во македонското земјоделство
Дата на објава: 
22 Февруари 2018
alb3.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска имаше работен состанок со бизнис секторот од Албанија, застапуван од Германската стопанска комора за индустрија и трговија во Албанија. На состанокот, министерот Николовски потенцираше дека Владата на Република Македонија креира поволна бизнис клима за влез на странски инвестиции. При тоа посочи дека се работи на унапредување на економската регионална соработка со земјите од регионот, вклучително и со Албанија.

Од македонска страна, на состанокот беше презентирана моменталната состојба во македонското земјоделство, расположливите земјоделски површини,состојба со откупни центри и можност за купување на истите, број на добиток, проиозводство, стартешки гранки, начинот на финансиска поддршка во земјоделството, политиките на Владата за развој на овој сектор, како и можностите за инвестирање во областа на земјоделството во Република Македонија.


Николовски: Во спроведувањето на идните политики, важна е поддршката од Европската унија и од донаторската заедница
Дата на објава: 
22 Февруари 2018
don4.jpg

Денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа состанок на Секторската работна група за земјоделство и рурален развој, на која беа поканети и претставници од Делегацијата на Европската унија, претстваници од странските донатори и невладиниот сектор.

На состанокот се разговараше за главните перспективи и предизвици, како и за идните политики за развој на земјоделството и руралниот развој.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, ги презентираше клучните перспективи на политиките во земјоделството, во делот на храна и ветеринарство и фитосанитарните политики во Република Македонија. Посочи дека силно верува во зајакнувањето на перспективите на соработка со сите релевантни учесници во земјата, и меѓународните и регионалните организации, со цел подобрување на земјоделството и руралниот развој.


Syndicate content