Национален план за органско земјоделство на Република Македонија 2013 - 2020 година

Националниот План за органско производство 2013 - 2020 година е инструментот којшто обезбедува основа за понатамошен развој на органското производство во Република Македонија. Воедно во овој Национален План одредени се насоките, активностите и мерките, односно политиките кои ќе ги спроведува МЗШВ за периодот 2013 - 2020 за идниот развој на органското производство во Македонија, а претставува и основа за планирање и реализацијата на финансиската поддршка во овој сектор.

 

Национална стратешка цел: да се заголеми конкурентноста на органското производство во Република Македонија заради успешен пласман на домашниот и странските пазари.