- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
МинистерЉупчо Николовски е министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на Република Македонија.
Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“, при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и има положен правосуден испит. За време на своето професионално и политичко усовршување, Николовски се стекнал со Диплома за специјализација во политички менаџмент на Нов Бугарски Универзитет, во рамките на програмата Бугарска школа за политика и Совет на Европа. Николовски има сертификат за овластен застапник за заштита на правата од индустриска сопственост пред ДЗИС 2012. Министерот Николовски е магистрант на Програмата за магистерски студии за административно право и јавна администрација на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет “Св. Кирил и Методиј”. Во својата политичка кариера, во февруари 2014, е именуван за Дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во 2013 година е шеф на кабинет на Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Во периодот од 2009 до 2011, работи како адвокат. Негова специјалност се и човечки ресурси и деловно право. Во неговата кариера беше и секретар во Институт на директори во Македонија. Од 2007 до 2008 е адвокатски приправник и правен советник во Адвокатска канцеларија “Марковска и Андревски”. Љупчо Николовски членува во неколку асоцијации како што се: Здружението на правници на РМ, Македонското здружение на млади правници и во Адвокатската комора на Македонија. |