Се одржува вториот состанок на раководителите на телата за управување со ИПАРД од Југоисточна Европа
Дата на објава:
28 Февруари 2012Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство денес и утре ќе биде домаќин на вториот состанок на раководителите на телата за управување со Инструментот за претпристапна помош за рурален развој (ИПАРД) од земјите на Југоисточна Европа.
Покрај од надлежните министерства од земјата домаќин, од Босна и Херцеговина, Република Српска, Хрватска, Црна Гора, Србија и од Косово, на состанокот ќе учествуваат и претставници од Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој задолжен за ИПАРД во Брисел, како и висок претставник на Европската комисија, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
На состанокот ќе бидат разменети искуства од процесот на акредитација и преносот на правото за управување со ИПАРД фондовите од Европската Комисија на надлежните институции, во земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ.