Окрупнување на земјиштето за подобро земјоделство
Дата на објава: 
18 Декември 2014
PC180443.JPG

Фрагментацијата на земјиштето и големиот број просторно раздвоени парцели се уште е една од клучните слабости на македонското земјоделство. Го лимитира обемот на производството, ги зголемува трошоците и оневозможува примена на современи агротехнички мерки. Тоа, пак, се одразува врз генералната продуктивност, економичноста, приходите и конкурентноста, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков на денешната работилница за консолидација на земјиштето.

Според Цветков, промената на постојната состојба е комплициран и долготраен процес за чие надминување или ублажување, покрај функционирањето на пазарот, соодветна улога треба да одиграат и структурните политики на државата.

- Целосното искористување на развојниот потенцијал на земјоделскиот сектор и во голема мерка развојот на руралните средини, зависи пред се од промената и подобрувањето на неповолната структура - малите и фрагментирани земјишни парцели, нагласи Цветков.


Министерот Цветков се обрати на Агро бизнис форумот
Дата на објава: 
17 Декември 2014
132426981.jpg

Во земјоделството треба да се инвестира похрабро, да се вложи во модерна технологија, знаење и примена на најдобри практики. Македонија од овој аспект има многу успешни приказни, а потенцијалот е огромен, беше речено денеска на Агро бизнис форумот што го организира ПроКредит банка.

На форумот беа соопштени и годинашните најпроактивни земјоделци - „Ди-Ем“ - Гевгелија и „Канет агро“ - оранжерии.

- Сите велат дека кредитите во земјоделството се најризични, но нашето исуство покажа дека ова портфолио е најквалитетно. Има помал процент на доцнење од другите, класични бизниси. Затоа, сме подготвени и со голем ентузијазам ги кредитираме проектите во земјоделството, изјави Емилија Спровска, член на Управниот одбор на ПроКредит банка.


Министерот Цветков во посета на откупен пункт за тутун
Дата на објава: 
16 Декември 2014
PC160419[1].JPG

Министерот Цветков кој денеска, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Румен Стаменов, го посети откупен пункт во Прилеп, рече дека ќе се искористат сите механизми за продажба на тутунот според Законот.

– На тутунарите можам да им ветам дека, според законот, ќе откупуваат фирмите кои обезбедиле пари и банкарски гаранции за тутунарите да ги добијат парите, а државата ќе им ги исплати субвенциите, изјави министерот.

Тој досега одржал три состаноци со директорите на деветте откупни компании и добил впечаток, нагласи, дека се расположени да го откупат вишокот на тутун.

Според Цветков, субвенциите за тутунарите за 2013 година се исплатени. Пари можеби не добиле само оние кои не доставиле потполна документација.

Директорот Стаменов истакна  дека се следат сите откупни пунктови. Три компании до вчера, во законскиот рок – 15 декември, не го почнале откупот и ќе бидат казнети.


Резултати од полагање на стручен испит за проценувач од областа - земјоделство
Дата на објава: 
16 Декември 2014

Резултати од полагање на стручен испит за проценувач од областа - земјоделство одржан на ден 05.12.2014 година


Интервју за МИА на Михаил Цветков, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
Cvetkov1.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков во интервју за МИА зборува за актуелните состојби во земјоделството - електронското евидентирање, регионализацијата на површините, водостопанството, тутунот, лозарството, задругите,..., се осврнува на проектот „Џумајлија“, освојувањето нови пазари, развојот на руралните средини, окрупнувањето на земјиштето, ги изнесува и очекувањата за 2015 година.

 

Како ја оценувате актуелната состојба во аграрот? Може ли да направите споредба меѓу периодот „некогаш и сега“?


Напредокот во аграрот е огромен. Тоа е особено битно ако се земе предвид дека основен елемент за живот е храната, а таа доаѓа токму од земјоделството.


Syndicate content