Новости

Со нови мерки во ИПАРД програмата ќе се модернизира земјоделската механизација
Дата на објава: 
15 Март 2012
Ovcepolski farmeri.JPG

Модернизација на земјоделската механизација преку набавка на трактори и  други видови на машини преку јапонската помош, Програмата за рурален развој, но и преку ИПАРД програмата за што во скоро време треба да се добие согласност од Европската Комисија. Ова го најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, на работниот состанок со претставниците на здружението на земјоделци „Овчеполски фармер“ од Свети Николе, членка на Асоцијацијата на земјоделци, истакнувајќи дека Владата на Република Македонија и Министерството за земјоделство на ваков начин ќе им излезе во пресрет на барањата на производителите за модернизација на  земјоделските машини и тоа под поволни услови, со подолг временски рок на отплата и ниски камати.

 


Објавен оглас за распределба на 44 хектaри државно земјоделско земјиште во Битолско
Дата на објава: 
6 Март 2012

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска објави јавен оглас за распределба на приближно 44 хектари државно земјоделско земјиште во Битолско. Заинтересираните субјекти, увид во податоците за огласеното земјиште може да извршат на огласна табла во подрачната единица во Министерството за земјоделство во Битола.

 

За подигање на маслинарници, времетраењето на закупот е за период до 50 години, за подигање на долгогодишни насад (лозја, овоштарници и хмељ) како и за оранжерии закупот е до 30 години, колку што изнесува и времетраењето на закупот за издавење на државното земјоделско земјиште за вршење на спортско-рекреативни активности и рурален туризам. До 20 години под закуп ќе се издава земјиштето за рибници, а за одгледување на други земјоделски култури и за ливади, закупот е до 15 години.

 


Министерот Димовски одржа работен состанок со Федерацијата на фармерите
Дата на објава: 
2 Март 2012
FFRM.JPG

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски,  денеска одржа работен состанок со претставници на Федерацијата на фармерите во Република Македонија. На состанокот се разговараше за состојбите во неколку сектори од земјоделското производство, вклучително на сточарството  лозарството, овоштарството и  земјишната политика.

-Неопходно е интензивирање на воспоставената соработка меѓу земјоделските здруженија и институциите на системот со цел зајакнување и унапредување на земјоделското производство во Република Македонија и насочување на фармерите кон професионализација на бизнисите во земјоделството. Во оваа насока, окрупнувањето на земјоделските парцели, но и намалувањето на поголемиот дел од влезните давачки во производството се  неколкуте приоритети на кои мора со заеднички сили да работиме во интерес на развој на секторот-  рече министерот Димовски.

 


Предлог заклучоци од состанокот на раководителите на управувачките тела за ИПАРД од регионот
Дата на објава: 
2 Март 2012

Продолжување на предпристапната помош на Европската унија и во следниот програмски период со цел соодветнаподготовка на административните капацитети на институциите и на другите учесници во земјоделскиот сектор и во руралниот развој.Помошта наменета за развој на земјоделството и руралните средини– ИПАРД Програмата, би требало да биде достапна за сите земји во регионот кои се стремат за интеграција во Европската унија, без оглед на тоа каков е нивниот претпристапен статус и степен на подготвеност. Ова се дел од дискусиите од вториот состанок на раководителите на телата за  управување со ИПАРДод земјите од Југоисточна Европа, донесени на дводневниот состанок кој неделава сеодржа во Скопје, поддржан од Постојаната работна група за регионален рурален развој.

 


Интензивирање на активностите за окрупнување на земјоделското земјиште во Македонија
Дата на објава: 
1 Март 2012
strategija za okrupnuvanje.jpg

Се интензивираат активностите за окрупнување на земјоделското земјиште во Македонија. По донесените законски измени, изготвена е и Националната стратегија 2012 - 2020 што ги дефинира мерките според кои ќе се одвива овој сложен, долгорочен процес. Целта е зголемување на обработливите површини барем приближно до просечните во ЕУ од најмалку шест хектари. 

Како што нагласи министерот Љупчо Димовски на денешната јавна расправа за Стратегијата, консолидацијата на земјиштето е директно поврзана со конкурентноста на земјоделството. Подразбира поекономична обработка, пониски производни трошоци, поголем квалитет, подобри цени и полесен пласман.  

- Окрупнувањето на земјиштето не е едноставен, краток процес. Бара големи заложби особено ако се земат предвид менталитетот на нашите земјоделци и условите во кои се наоѓаат парцелите, но предизвикот е голем. За да го достигнеме европскиот просек ќе ни треба сериозно многу време и соработка со производителите, истакна Димовски.


Syndicate content