Министерот Цветков во Берлин на Меѓународната зелена недела
Дата на објава: 
15 Јануари 2015
IMG_2315.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, на покана од германскиот сојузен министер за храна и земјоделство Кристијан Шмит од 15 до 17 јануари  ќе учествува на Меѓународната зелена недела во Берлин.

Во рамки на оваа манифестација ќе се одржи и министерскиот форум на тема: „Растечката потреба од храна, енергија и суровина: предизвици за одржливо земјоделство и обезбедување доволни количини на храна“.

На форумот  е најавено учество на 70 министри и заменици министри за земјоделството како и високи претставници на земјоделскиот и прехранбениот сектор.

Одлуките на министрите од форумот ќе бидат земени предвид во меѓународните политички процеси како што се Г-7 и Г-20, конференции и состаноци на Обединетите нации.

Министерот Цветков ќе оствари и повеќе билатерални средби со своите колеги од регионот и од Европа. Најавена е средба и со генералниот директор на ФАО, Хозе Грациано да Силва.


Откупени скоро 4 900 тони тутун
Дата на објава: 
29 Декември 2014
krvdamka-49-.jpg

Осум откупувачи на тутун заклучно со денеска откупија вкупно 4.900 000 килограми тутун од годинашнава реколта со просечна откупна цена од 119 денари за килограм.

Според податоците од Државниот Инспекторат за земјоделство, исплатата е реализирана со 27,13 отсто и се одвива според динамиката наведена во договори меѓу откупните организации и тутунопроизводителите.

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, денеска, достави и писмено известување до откупните компании за преземање на одредени мерки кои ќе помогнат за   поуспешен откуп на тутунот од родот во 2014 година.

Во поканите за предавање на тутун да биде наведена целокупната договорена количина како и терминот на предавање на тутунот, доколку се предава во повеќе наврати.

Доколку се враќа тутунот од откупниот пункт, поради влажност или од други причини, тутунопроизводителот да биде известен за терминот на  следното преземање на тутунот.

Откупувачите кои доцнат со динамиката за откуп, да го организираат откупот со дополнителни термини.


Средба на министерот Цветков и заменикот Костадиновски со откупувачите на тутун и земјоделските здруженија.
Дата на објава: 
27 Декември 2014
PC270447.JPG

Најголем проблем при откупот и проценката на тутунот е неговата влажност, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков по денешната средба во Министерството со претставници на тутунопроизводителите, на откупувачите и на Инспекторатот за земјоделство.

- Во овој откуп најголем проблем беше влажноста на тутунот од причини што времето беше доста влажно, така што најголем проблем со кој се соочија тутунарите при предавањето на тутунот е влагата која што ја има во тутунот. Согласно Законот, до 20 отсто влага во тутунот се признава. Откупните претпријатија толерираа и до 25 отсто, а се она над 25 отсто се враќаше и при тоа враќање настануваа проблемите. Оваа сезона и квалитетот на тутунот е доста понизок и е намален за една класа, рече Цветков.


Откупени првите количества на тутун од родот во 2014 година
Дата на објава: 
22 Декември 2014
images.jpg

Седум откупувачи на тутун заклучно со денеска откупија вкупно 2.128.961,87 килограми тутун од годинашнава реколта со просечна откупна цена од 120,98 денари за килограм.

Според податоците од Државниот Инспекторат за земјоделство во првата недела од официјалниот старт на откупот на тутунот, исплатата е реализирана со 11,26 отсто и се одвива според динамиката наведена во договори меѓу откупните организации и тутунопроизводителите.

По обезбедената банкарска гаранција за исплата на тутунот,  од денеска со откуп почна  и Орбита табак.


Јавен повик бр. 10
Дата на објава: 
22 Декември 2014

Врз основа на член 28 став 1 од Законот за концесии и јавно приватно партнерство („Службен весник на Република Македонија” бр.6/12 и 144/14), член 36 од Законот за ловството („Службен весник на Република Македонија” бр. 26/09, 82/09, 136/11, 1/12, 69/13, 164/13 и 187/13), Одлуката за започнување на постапка за доделување на концесија на дивечот во ловиштата во ловните реони Македонски Брод, Прилеп, Делчево, Кочани и Струга (“Службен весник на Република Македонија” бр.169/14), Комисијата за спроведување на постапка за доделување на дивечот во ловиштата на користење по пат на концесија објавува

ЈАВЕН  ПОВИК

ЗА ДАВАЊЕ НА ДИВЕЧОТ ВО ЛОВИШТАТА НА КОРИСТЕЊЕ ПО ПАТ НА КОНЦЕСИЈА ВО ЛОВНИТЕ РЕОНИ МАКЕДОНСКИ БРОД, ПРИЛЕП, ДЕЛЧЕВО, КОЧАНИ И СТРУГА

Додаток за превземање: 

Syndicate content