Новости

Потпишан протокол за извоз на македонски тутун на кинескиот пазар
Дата на објава: 
29 Март 2012
Kina.JPG

Со цел продлабочување на трговската соработка и унапредување на извозот на македонските земјоделско-прехранбени производи, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г. Љупчо Димовски,  со неговиот колега министерот за земјоделство на Народна Република Кина г. Хан Чангфу денес  потпишаа Меморандум за разбирање за понатамошна соработка во земјоделството.

Со потпишувањето на овој меморандум ќе се воспостават работни механизми за земјоделска соработка, ќе се зајакне соработката на полето на истражувањето во земјоделството како и размената на земјоделски технологии. Воедно со овој меморандум ќе се овозможат нови инвестиции како и економска и трговска размена помеѓу земјоделските претпријатија на двете земји.


Министерот за земјоделство Љупчо Димовски одржа работен состанок со претставници на Синдикатот на работниците од управата
Дата на објава: 
28 Март 2012
Sindikat.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, денеска одржа прва средба со претседателот  и претставници на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија.

 

На состанокот се зборуваше околу потпишувањето на колективниот договор за вработените во Министерството за земјоделство, со кој што ќе се допрецизираат правата на државните службеници.

 

Министерот Димовски изрази подготвеност за потпишување на ваков договор со кој како што рече и самиот вработените ќе си ги остваруваат своите права а тој секогаш е на страната на вработените.

 

Од Синдикатот го покренаа и прашањето за статусот на Шумската полиција и регулирањето на надоместокот за плата со нивниот секојдневен ризик на работното место, на што Министерот Димовски ги извести дека се работи на новиот закон за шумска полиција во кој точно се утврдени сите права на вработените во Шумска полиција.


Заменик министерот Коњановски се сретна со земјоделците од Преспа
Дата на објава: 
22 Март 2012

Денес, 22.03.2012 година, заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски, оствари посета на општина Ресен. При посетата заменик министерот Коњановски се сретна со градоначалникот на општина Ресен, Михаил Волкановски и со претставници на задруженијата на земјоделците од овој регион, при што ги запозна присутните за тековните проекти во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и за програмите и мерките што се предвидуваат за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за 2012 година.


Министрите за земјоделство од регионот во Будва договорија интензивирање на сорботката во областа на земјоделството
Дата на објава: 
20 Март 2012
Budva.jpg

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на покана на неговиот црногорски колега, министерот за земјоделство на Црна Гора Тарзан Милошевиќ, денеска присуствуваше на состанокот на министрите за земјоделство од регионот. На состанокот министрите ги поздрави премиерот на Црна Гора Игор Лукшиќ кој ја потенцира важноста на заедничкиот настап на земјите од регионот на пазарите на Еврпската унија. ,,Наместо да си конкурираат едни на други, земјите од регионот, на европскиот, но и на пазарите кои допрва ќе се отворат, важно е заеднички да настапат,,- рече тој.

 


Димовски и Коњаноски на средба со тутунарите во Прилеп
Дата на објава: 
17 Март 2012
17032012306.jpg

Министерот за земјоделство Љупчо Димовски и заменик министерот Зоран Коњаноски денеска во Прилеп имаа средба со тутунарите, организирана преку Сојузот на тутунските здруженија. Целта на средбата е законското завршување на откупот на ланската и евентуалните проблеми во подготовките на годинашнава реколта тутун.
Димовски констатира ланската реколта тутун е успешно откупена. Просечната цена од 163,7 денари е многу солидна за откупените 20.388 тони од кои само 14.000 тони во прилепско. Тутунарите ќе ги добијат 60-те денари државна субвенција по килограм откупен тутун. Тоа значи дека во прилепско, кривогаштанско и долненско тутнарите ќе добијат околу 56 милиони евра од државата на име субвенции кои ќе се исплатат во законскиот рок до 30 јуни.
Министерот со тутунарите  разговараше за проблемите што ги имаат при подготовките за новата реколта и за подигнувањето евидентни листови од Министерството како дозвола за планираното производство. Најголемите проблеми се околу вадењето имотни листови, пред се, поради нерешени имотно правни прашања.


Syndicate content