Дата на објава:
8 Мај 2012Нов тип финансиска поддршка за земјоделците кои при производството особено водат сметка за заштита на животната средина, почвата, автохтоните раси, растителните видови, пасиштата, наводнувањето и употребата на ѓубре, подготвува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Стануза збор за таканаречените агроеколошки мерки кои Македонија допрва ќе ги акредитира како дел од ИПАРД програмата. Потребната документација е веќе заокружена, останува повисоките стандарди да се спроведат конкретно, директно на терен.
- Со еколошкиот начин на земјоделско производство ќе се заштити животната средина, ќе се зачувуваат природните ресурси, водата, почвата и генетската диверзификација, а на граѓаните ќе им се понуди здрава и еколошка храна, рече министерот Димовски на денешната конференција „Агроеколошки мерки - можности и предизвици на земјите-членки и земјите-кандидати на ЕУ“.