Министерот Цветков на конференција „Земјоделски задруги – придвижувачи на промени“ во Охрид
Дата на објава: 
25 Февруари 2014
P2250014.JPG

Претставници на асоцијациите на земјоделски задруги од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Албанија, Хрватска и Словенија учествуваат на регионалната конференција „Земјоделски задруги – придвижувачи на промени“ што во организација Асоцијацијата на земјоделски задруги на Република Македонија од денеска се одржува во Охрид.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков во обраќањето пред учесниците на собирот ги претстави сите мерки што државата ги презема во однос на задругарството, меѓу кои финансирањето на апликациите за набавка на земјоделска опрема, обезбедување обуки за задружните произведувачи, ангажирањето менаџери за помош на задругите и слично.

- Тука сме да ги чуеме искуствата на соседните држави, да размениме искуства, се со цел да го развиеме задругарството како еден од битните предуслови како да се обезбеди конкурентно земјоделско производство, како по квантитет така и по квалитет, производ што ќе може да се понуди како на домашниот така и на странските пазари, истакна Цветков.


Министерот Цветков на симболично закројување на лозови насади
Дата на објава: 
14 Февруари 2015
132512217.jpg

Македонските вина се меѓу најдобрите во светот, но  мора да работиме на нивна многу поагресивна промоција, на силна маркетиншка стратегија и на креирање бренд, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков по симболичното закројување на лозовите насади на винарската визба „Тиквеш“ по повод празникот Свети Трифун.

Цветков нагласи дека годинава за претставување на македонското вино надвор се планирани 500 илјади евра. Таргет ќе бидат пазарите во ЕУ, Русија, Кина и САД.

- Минатата година, првпат од потпишувањето на протоколот за вино со ЕУ, Македонија целосно ја искористи квотата од 91.000 хектолитри за безцарински извоз на флаширано вино. Тоа значи дека европските потрошувачи веќе го препознаваат нашиот квалитет и се повеќе го бараат, истакна министерот.

Според него, до крајот на март годинава се очекува да биде исполнета и квотата од 39 милиони литри за наливно вино.

Министерот Цветков и претставниците на Тиквеш посакуваат, како што рекоа, добра лозарска година, да не се повторат ланските непогоди кои го преполовија родот.


ЈАВЕН КОНКУРС за давател на јавни услуги спроведување на мерки и активности
Дата на објава: 
13 Февруари 2015

Врз основа на член 60–б од Законот за сточарството (,,Службен весник на Р.М” бр. 07/08, 116/10 и 23/13), Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство обjавува:

ЈАВЕН КОНКУРС

за давател  на јавни услуги спроведување на мерки и активности од Програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството од 2011 до 2017 година

Додаток за превземање: 

Јавен конкурс за давател на јавни услуги спроведување на мерки и активности од ЗОПОД
Дата на објава: 
10 Февруари 2015

рз основа на член 60–б од Законот за сточарството (,,Службен весник на Р.М” бр. 07/08, 116/10 и 23/13), а во согласност со дел     I мерка 6 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2015 година (,,Службен весник на Р.М” бр. 200/14) Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство обjавува:

ЈАВЕН КОНКУРС

за давател  на јавни услуги спроведување на мерки и активности од ЗОПОД и развојно истражувачки задачи од подрачјето на изведувањето на програмите за одгледување за потребите на ЗОПОД

Додаток за превземање: 

Донацијата од органска храна на градинката „Срничка“
IMG_0034.JPG

 

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски денеска на градинката „Срничка“ во скопската населба Аеродром и ја предаде донацијата од органски мед и сирење, акција што е дел од активностите на Министерството за земјоделство за промовирање на домашните органски производи и запознавање на најмладата популација, од најрана возраст со вкусот на органската храна.

- Производството на органска храна е еден од приоритетите на Владата. Затоа силно го поддржуваме, креираме мерки за да ги охрабриме земјоделците да преминат на ваков тип продукција, да се искористат природните ресурси со кои располага државата, нагласи Костадиновски.

Субвенциите за органско производство оваа година ќе бидат 50 проценти повисоки од оние за конвенционалното, а не како досега 30 отсто, додека за градинарските култури зголемувањето ќе биде 100-процентно, рече денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски


Syndicate content