Дата на објава:
14 Март 2015Министерот за земјоделие Михаил Цветков денеска со оризопроизводителите од карбинскиот регион договори итно чистење на каналската мрежа во должина од 80 километри и 4 километри водени јазови. Акцијата ќе се спроведува во текот на идните 30 дена, со што ќе се овозможи навремена подготовка на површините со ориз и со сеидба да се започне во оптималниот рок.
-Времето е многу кусо и од тие причини веднаш треба да се започне со чистењето. Проблемите се доста големи ние сега за сега ќе работиме само ургентно, значи да доведеме до оние површини до кои практично ќе бидат засеани и тука ќе бидеме фокусирани. Изјави Михаил Цветоков, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
ЈП Водостопанство „Брегалница“, во соработка со водните заедници во овој регион изготви план каде треба примарно да се интервенира. Поради поплавите, некои од каналите се целосно натлачени, па таму ќе се чисти со поголема механизација.