Дата на објава:
22 Мај 2012Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска додели договори за концесии за 66 ловишта во девет ловни региони во државата на 18 концесионери. За ловиштата со ситен дивеч концесијата е со траење од десет години, а за крупен 20 години.
Во Кривопаланечкиот регион со шест ловишта ќе стопанисуваат два концесионера, во Македонски Брод со седум ловишта еден концесионер, а во Струмица 11 на пет концесионери. Во Прилеп седум ловишта се поделени на два концесионара, во Тетово девет на тројца концесионери, во Гостивар шест ловишта на четворица. По еден концесионер ќе стопанисува со две ловишта во Неготино, со четири во Пробиштип и со едно ловиште во Ресен.
При стопанисувањето концесионерите зависно од состојбата во ловиштата во кои ќе спроведат попис, треба да внесат дивеч, да формираат ловочуварска служба, да изградат објекти... Планираните активности согласно понудените програми на огласот се задолжителни и ќе ги контролираат инспекциските служби.