Исчистени канали и навремена сеидба на оризот во Кочанско
Дата на објава: 
15 Април 2015
P9030278.JPG

Секундарната и основната каналска мрежа во кочанско-виничкиот регион се подготвени за испорачување вода до полињата, а тоа значи дека на 18 април ќе почне најавената сеидба на оризот во атарот на Оризарско поле, рече денеска заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски по посетата на овој крај.

 

Костадиновски разговараше со земјоделците од Чешиново-Облешево за подготвеноста на полињата, исчистената секундарсна мрежа и десниот магистрален канал кои беа зафатени од поплавите и излевањето на Брегалница во февруари, напоменувајќи дека токму чистењето на каналите бил и еден од заклучоците на Владата која ја обезбеди потребната механизација за навремено завршување на активностите, пред стартот на пролетната сеидба на оризот

 

И во виничкиот крај каде што се планирани 1.000 хектари ориз, каналската мрежа е исчистена и сеидбата може да почне навреме.

 


Средба на Државните сектретари на Македонија и Унгарија
Дата на објава: 
15 Април 2015
P4150044.JPG

Меѓувладиниот Мешовит комитет на Република Македонија со Унгарија, во кој земјоделството е еден главните ресори на соработка меѓу македонското и унгарското Министерство за земјоделство дава резултати, беше констатирано на денешната средба на Државниот секретар на министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство Бесир Јашари и  на Државниот секретар на унгарското министерство за надворешни работи Ѓула Будаи.


Министерот Цветков во посета на пелагониско
Дата на објава: 
5 Април 2015
mihail-cvetkov-vo-poseta-na-mogila.jpg

При денешната посета на сточарите во Могила, ресорниот министер за земјоделство Михаил Цветков , покрај најавите за помош и повеќе мерки на Владата , потврди дека наскоро ќе се реализира целосно обештетување од поплавите.

Охрабрувачки вести за пелагониските фармери во најпогодените подрачја од поплавите  во Пелагонија. При денешната посета на сточарите во Могила, ресорниот министер за земјоделство Михаил Цветков , покрај најавите за помош и повеќе мерки на Владата , потврди дека наскоро ќе се реализира целосно обештетување од поплавите.

-Штетите од поплавите во цела Македонија, стопроцентно ќе бидат исплатени, што мислам дека тоа е и наша обврска на Државата, да помогнеме на оној дел кој е и најзагрозен и каде што профитот е најмал- рече министерот за земјоделство Михаил Цветков.

Меѓутоа, Цветков  најави и други мерки за сточарите со владините политики, а наскоро со промена на законот, заради зголемување бројот на краварски фарми, Владата ќе обезбеди средства за кофинансирање до 90 проценти на капиталните објекти.


10 годишен јубилеј на Македонско-Руската стопанска комора
Дата на објава: 
25 Март 2015
P3250008.JPG

По повод 10-сет годишниот јубилеј на Македонско-Руската стопанска комора на Министерот Михаил Цветков денеска му беше врачена плакета како израз на благодарност кон министерството за значајната поддршка и придонес за развојот на работењето на Македонско-Руската стопанска комора.

Русија останува еден од најзначајните политички и економски партнери на Македонија, но се уште има простор за унапредување на стопанската соработка. Извозот континуирано расте, но не со посакуваното темпо, рече денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на одбележувањето на јубилеотј на Македонско-руската стопанска комора.

Во насока на интензивирање на економските односи покрената е, нагласи Ставрески, иницијатива за преференцијален третман, односно за намалени царински стапки при извоз на македонските земјоделско-прехранбени производи, а останува и барањето за потпишување договор за слободна трговија меѓу двете земји.


Средба на министерот Цветков со претставници на овчарски фарми
Дата на објава: 
21 Март 2015
P3210023.JPG

Годинава ќе се реализира проект за сто бачила во кој државата ќе вложи еден милион евра, а со кој ќе се овозможи развој на овчарството во Македонија.

Ова го изјави министерот за земјоделство Михаил Цветков при денешната средба со одгледувачите на овци од целата земја во бачилото Славија, во Мариово. Според министерот до крајот на мај ќе се исплатат одгледувачите на овци кои имаа угинат добиток од болеста син јазик.

- Се грижиме за оваа гранка. Даваме директни субвенции за секоја овца од по 1.000 денари, за секое женско јагне 700 денари, плус за автохтона сорта по 500 денари. Годинава одделуваме и по 4.000 денари односно околу 80 милиони денари за секоја загината овца од болеста син јазик, која ја нема повеќе на терен - изјави Цветков. 
Со проектот за сто бачила предвидено е државата да обезбеди услови, да се постави вода, струја, громобрани и на таков начин да се развива сточарството.


Syndicate content