Новости

Министрите за земјоделство Димовски и Милошевиќ потпишаа Спогодба за фитосанитарна соработка
Дата на објава: 
22 Јуни 2012
2.jpg

Побрз трансфер на стоката од растително потекло, нејзино минимално задржување на граничните премини и интензивирање на вкупната трговска размена ќе овозможи Спогодбата за фитосанитарна соработка што денеска во Скопје ја потпишаа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и неговиот црногорски колега, министерот за земјоделство и рурален развој Тарзан Милошевиќ.

 

Потпишувањето на Спогодбата, како што рече министерот Димовски, значи потврда за политиката што ја води Македонија на регионално ниво.

- Спогодбата ќе ги интензивира контактите меѓу двете земји во делот на фитосанитарната контрола со што ќе се олесни транзитот, увозот и извозот на растенијата и растителните производи. Воедно ќе овозможи, што е особено битно, во целост да се прифаќаат извештаите за здравствената состојба на растенијата и нивните производи издадени од акредитираните и лиценцирани лаборатории во Македонија и Црна Гора, рече Димовски по потпишувањето.

 


Земјоделците и мелничарите на заедничка средба со министерот Љупчо Димовски
Дата на објава: 
19 Јуни 2012
2.jpg

Денеска на заедничка средба во Битола министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и претставниците на Сојузот на земјоделците и на мелничко-пекарската индустрија разговараа за претстојниот откуп и цената на пченицата

 

- Сите се согласуваат со мерките што ги преземаме за да се заштити македонското производство на пченица, а воедно и да се заштити мелничарскиот сектор. Евидентиравме дека во минатиот период на домашниот пазар се увезени големи количества пченица и брашно што предизвика дизбаланс на домашниот пазар. Тоа може да предизвика сериозен проблем околу динамиката на откупот и формирањето на откупната цена, изјави министерот Димовски.

 

Тој додаде дека Министерството наскоро ќе достави информација до Владата со предлог одлука за условување на увозот на брашно со обврзувачки откуп на македонска пченица.

 


Работен состанок на министерот Димовски со директорот на Балканска Млекара
Дата на објава: 
18 Јуни 2012
3.jpg

Министерот за земјоделство Димовски, министерот без ресор Хади Незир, директорот на Агенцијата за храна и ветерина, Дејан Рунтевски и заменик директорот Абдулезел Догани  денеска одржаа работен состанок со Али Мушвик Созер менаџер на Балканска Млекара ДООЕЛ Скопје, чиј основач е една од најголемите турски компании во млечниот бизнис, Суташ.


На состанокот на директорот на млекарницата му беа презентирани и објаснети условите и стандардите кои е потребно да се исполнат за да се добие тарифен број за извоз на млеко и млечни производи од Македонија во пазарите на Европската Унија.



Средба на министерот Димовски со претставници на компанијата Сахара Индија Паривар
Дата на објава: 
15 Јуни 2012
P6150092.JPG

Во рамките престојот на индиската делегација предводена од индискиот мултимилијардер Субрата Рој, кој е прогласен за еден од највлијателните луѓе и најголем приватен работодавач во Индија, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, оствари средба со претставници на компанијата Сахара Индија Паривар.

 

На средбата, гостите изразија голем интерес за вложување во земјоделскиот сектор, со што фокусот беше ставен на индустријата за млеко, месо и месни производи. Министерот Димовски ги запозна со условите за инвестирање во млечната индустрија, откупно дистрибутивните центри, како и условите за инвестирање во индустријата за преработка на млеко и месо.

 


Средба на министерот Димовски со претставник на турски Суташ
Дата на објава: 
14 Јуни 2012
2.jpg

Министерот Љупчо Димовски и министерот без ресор Хади Незир денеска се сретнаа со претставник на Турската компанија Суташ, менаџерот на фабриката за млеко во Македонија, Али Мушвик Созер.

 

Мушвик Созер го извести министерот Димовски дека веќе се завршени формалностите за преземање на фабриката за млеко и млечни производи Сведмилк во Скопје.  Производстото се очекува да започене во септември. Со новините кои како Суташ ќе ги воведат во фабриката која во моментов нема тврда програма  имаат за цел да ги зголемат пазарите во Македонија и во околните земји и да ја покачат потрошувачката на млеко и млечни производи во регионот.

 


Syndicate content