Новости

Невработените кои примаат социјална помош ќе можат да користат државно земјоделско земјиште
Дата на објава: 
23 Јули 2012
32.jpg

Невработените лица кои примаат социјална парична помош од септември ќе може да аплицираат за користење на државно земјоделско земјиште за период од пет години без надомест. Првата година тие во целост ќе го добиваат и износот на социјалната помош, а втората 50 проценти. Првите две години државата ќе им ги плаќа и социјалните, пензиските и здравствените придонеси, бидејќи ќе треба да се регистрираат како индивидуални земјоделци.

Исто така, тие ќе можат да добиваат и државна помош за одгледување житни, индустриски и фуражни, како и градинарски култури. Се размислува да им се помогне да обезбедат полесна механизација за обработка на земјиштето.

Ова го предвидува владината Програма за плодоуживање што денеска ја презентираа министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за труд и социјална политика Љупчо Димовски и Споро Ристовски, заедно со директорот на Агенцијата за вработување Златко Поповски, за чија реализација потпишаа и меморандум за соработка.


Преку субвенциите се стимулира производството на производи со препознатлив висок квалитет и извозен потенцијал
Дата на објава: 
19 Јули 2012
jpg

Владата на земјоделците, за само 30 дена, во екот на најголемата должничка криза, им исплати 63 милиони евра. Од 15 јуни до 15 јули овие средства  на нивните сметки легнаа директно од Буџетот, како никогаш порано, како никогаш претходно, соопшти денеска премиерот Никола Груевски на заедничката прес-конференција со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски.

Тој напомена дека предвреме на сметките на 27.000 тутунари се исплатени речиси 20 милиони евра.

- Тоа е просекот што го реализираме секоја година, за разлика од порано кога за овој сектор немаше никаква поддршка, истакна премиерот.


Формирано Републичко координативно тело за заштита од шумски пожари
Дата на објава: 
19 Јули 2012
P7190144.JPG

Со цел заштита од шумски пожари денеска Владата формира Републичко координативно тело, во чиј состав се претставници од сите надлежни институции од областа на  заштитата од пожари на отворен простор - Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, ЈП „Македонски шуми“, УХМР, МЖСПП, МВР, Министерството за одбрана...

Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

- На последниот координативен состанок на ова тело се донесоа повеќе одлуки со кои ЈП „Македонски шуми“ се задолжи за план за зајакнување на надзорот, односно набљудување на терен на кој може да се појават најсериозни опожарувања и за тоа најитно да ја извести Дирекцијата за заштита и спасување. Министерството за одбрана и МВР да ги ангажираат своите хелихоптери за превентивни летови за следење на ситуацијата и за дојава на евентуален почеток на шумски пожар, рече Димовски.


Одобрена нова ИПАРД мерка, за набавка на земјоделска механизација
Дата на објава: 
13 Јули 2012
jpg

Со нова мерка за набавка на земјоделска механизација се проширува ИПАРД Програмата, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

 

Ова, како што изјави министерот Димовски по денешниот состанок на Комитетот за следење на ИПАРД, е дополнителен исчекор за подобрување и модернизација на секторот по последната владина мерка за регистрација на старата механизација.

 

Министерот информира дека се разгледува и можноста од воведување мерка за инвестирање во руралната инфраструктура која би ја користеле општините со цел осовременување на неразвиените подрачја.


Интервју со генералниот секретар на Постојаната работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа, г. Бобан Илиќ
Дата на објава: 
9 Јули 2012
Boban Ilic.jpg

Односи со јавност на МЗШВ: Што е SWG и кои институции и земји членуваат во SWG?

Генерален секретар Бобан Илиќ: Постојаната работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа (Standing Working Group for Regional Rural Development – SWG RRD) е меѓународна меѓувладина организација креирана од страна на Владите на земјите од Југоисточна Европа (ЈИЕ), поточно министерствата за земјоделство од ЈИЕ, со цел да се интензивира соработката меѓу земјите од ЈИЕ во областа на земјоделството и руралниот развој. Таа соработка, пред сé, се однесува на забрзување на реформите во областа на земјоделството поврзани со прашањата кои се однесуваат на интеграцијата на земјите од ЈИЕ, поточно на земјите од Западен Балкан, во Европската унија.


Syndicate content