Дата на објава:
25 Јуни 2015Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, заменик министерот за економија Христијан Делев и директорката на Агенцијата за финасиска помош, Билјана Вуковиќ денеска во оранжериите „Еко Оаза Самандов“ во карбинското село Таринци имаа средба со производителите на градинарски производи од штипскиот, карбинскиот и светиниколскиот регион, со цел да се надминат проблемите кои ги имаат со водоснабдувањето, но и со пласманот на своите производи.
Како што истакна министерот Цветков во текот на утрешниот ден ќе бидат презентирани мерките кои ќе се преземат за производителите на градинарски производи.
На новинарско прашање како ќе се реши проблемот на производителите на домати од струмичкиот регион и сметаат дека Македонија треба да го стопира увозот на албанскиот домат, Цветков одговори дека албанскиот не му конкурира на македонскиот домат.
- Од 1 јуни па досега нашите градинари имаат извезено 6. 350 тони, а во истиот период увоз од Албанија 88 тони,изјави Цветков.