Новости

Министерството ќе им излезе во пресрет на барањата на сточарите за ублажување на недостигот на сточна храна
Дата на објава: 
23 Август 2012
image1.jsp.jpg

Владата ќе интервенира со одредена количина сточна храна од државните резерви за да се надмине недостигот што сериозно ги погоди фармерите, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски по работниот состанок со претставниците на здруженијата на земјоделците.

 

Поради сушата, приносите на житните култури се намалени за 15 до 20 отсто во однос на минатата година, а колкава количина ќе се издвои од стоковните резерви допрва ќе биде утврдено.

- Ќе имаме доволно разбирање за потребите на сточарите зашто навистина сакаме да им помогнеме, истакна Димовски.

Според министерот, решение мора да се најде, но долгорочно. Интервенцијата преку државните резерви не треба да биде пракса. Затоа ќе се оди на варијантата, при доделувањето државно земјоделско земјиште посебно да се дефинираат површини што ќе им бидат поделени на одгледувачите на добиток исклучиво за производство на сточна храна.

 


ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ
Дата на објава: 
6 Август 2012

ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

Број на оглас:26-8400/3/2012

Идејно решение за ентериер и опремување на специјализирани продавници за продажба на македонски вина

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

Промовирани прирачници за полесно преструктуирање на македонското земјоделство кон европскиот пазар
Дата на објава: 
27 Јули 2012
2.jpg

Четири прирачници, за пазарни стандарди за свежи домат и пиперка, за стандарди за квалитет при откуп на зеленчук за преработка, за агроеколошки мерки и за форми на здружување на земјоделците, се промовирани денеска пред производителите и останатите субјекти вклучени во секторот производство и преработка на зеленчук.

Прирачниците имаат за цел да ги прошират основните информации и барања за воведување на агроеколошките мерки и поддршката за нивна имплементација, минималните пазарни стандарди за зеленчук, како и поддршката за формирање земјоделски задруги и други групи организации на производители.


Догодина ќе почне изградбата на хидроцентралите од проектот „Злетовица“
Дата на објава: 
25 Јули 2012
11.jpg

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и шведската фирма „Свеко“ денеска го потпишаа Договорот за консултантски услуги за изработка на техничка документација за втората и третата фаза од проектот Хидросистем „Злетовица“.

Техничката документација треба да биде изготвена за седум месеци по што ќе почне изградбата на објектите за наводнување и за производство на електрична енергија, активности опфатени со втората и третата фаза. За оваа намена се одобрени еден милион евра од Европската инвестициска банка.

Како што беше речено на прес-конференцијата, градежните активности се очекува да почнат во март или април идната година, по распишувањето меѓународен тендер. Инсталираната моќ на планираните осум мали хидрицентрали ќе биде околу 13 мегавати, односно 50 милиони киловат часови годишно производство.


Се чисти каналот за наводнување Радиовце Бистрица во близина на село Камењане
Дата на објава: 
24 Јули 2012

Државниот секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Бесир Јашари денеска ги посети работниците на фирмата „Бибај Компани“ од Селце кои го чистеа каналот за наводнување Радиовце Бистрица во близина на селото Камењане.

 

- Во Полошкиот регион, според нашиот план ќе се исчистат околу 33,6 километри на магистралните канали за наводнување. Од нив околу 10,8 километри отпаѓаат на каналот Радиовце Бистрица во тетовско, а во гостиварско 14,8 километри на каналот Здуње Пирок и 7,8 километри на каналот Равен Врапчиште. Се работи веќе две недели и досега се завршени околу 50 отсто од предвидените работи, изјави Јашари.

 

Тој потенцираше дека сега се интервенира на најкритичните точки на каналот во Тетовско што биле затрупани од земја, дрвја и останат смет и дека по чистењето низ каналот се очекува да минуваат максималните 8 кубни метри вода за наводнување. Од буџетот на државата за чистење на каналот Радиовце Бистрица определени се околу 90 илјади евра.


Syndicate content