Министерот Цветков во Валандово
Дата на објава: 
3 Јули 2015
P7030022.JPG

Одгледувањето на органски производи, моменталната состојба во овој сектор и  можностите за неговиот разој беа темите на кои днеска во Валандово разговараа министерот за земјоделие Михаил Цветков и производителите на органска храна од  овој регион.  Министерот Цветков потенцираше дека поддршката на органското производство е многу важна и токму затоа тие како министерството  посветено работат на неговиот развој. Како пример ја посочи финансиската поддршка која  започнала  од 11 милиони денари во 2006 и достигнала  до 43. 770.000 денари за оваа година..

,, Иднината на земјоделското производство ќе биде во органското производство.  Се повеќе и повеќе ќе биде барано, а ние како држава ги имаме сите услови за едно вакво производство бидејќи нашите земјоделци многу малку користат вештачки ѓубрива и пестициди за заштита или ако користат во мали количини, така да земјоделските површини не ни се загадени  и имаме едни многу добри предуслови за едно вакво органско производство.,, рече  Михаил Цветков – министер за земјоделие


Проект за зајакнување на капацитетите на службите за безбедност на храна
Дата на објава: 
2 Јули 2015
132707148.jpg

Пренесување знаења и искуства од земјите -членки на ЕУ, особено од Италија, подобрување на условите за спроведување на европските политики и системи, обезбедување функционална пазарна економија, зајакнување на механизмите за рамноправно учество на европскиот пазар и промоција на извозот.

 

Ова се дел од целите кои треба да се постигнат со Твининг проектот „Институционално зајакнување на капацитетите на надлежните служби за спроведување на законодавството на ЕУ од областа на безбедноста на храна, ветеринарната и фитосанитарната политика“.

 

Проектот, кој денеска беше презентиран, е финансиран од ЕУ, ИПА 2010 компонента 1 (помош при транзиција и институционално зајакнување). Проектот ќе трае 19 месеци, а завршува на 28 ноември 2016 година.

 

Кориснички институции се Агенцијата за храна и ветеринарство, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фитосанитарната управа, Државната фитосанитарна лабораторија и Државниот инспекторат за земјоделство.

 


Потпишан договор за воспоставување на Гарантен фонд за земјоделство и рурален развој
Дата на објава: 
2 Јули 2015
FOTO.jpg

Македонските земјоделци полесно ќе можат да дојдат до кредити од комерцијалните банки и за нивно добивање ќе им требаат за половина помали банкарски гаранции. Тоа им го овозможува денеска потпишаниот Договор за соработка меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и УСАИД со кој се воспоставува Гарантен фонд за земјоделство и рурален развој што ќе обезбедува до 50 отсто од потребните банкарски гаранции.

 

Гарантниот фонд ќе функционира во наредните 10 години и преку него ќе се пласираат кредити во висина од 20 милиони американски долари, а доколку побарувањата се поголеми има можност да се обезбедат дополнителни средства. Фондот првенствено е наменет за корисниците на средствата од ИПАРД програмата, но ќе биде достапен и за сите типови капитални инвестиции за модернизирање и унапредување на земјоделскиот сектор.

 


Меморандум за основање на асоцијација за соработка во земјоделството
Дата на објава: 
29 Јуни 2015
Foto.jpg

По покана на Министерката за земјоделство и храна на Република Бугарија г-ѓа Десислава Танева, државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство д-р Бесир Јашари од 25-ти до 27-ми јуни 2015 година присуствуваше на министерскиот состанок во Софија, Република  Бугарија, по повод потпишување на Меморандумот за разбирање за основање и работа на Асоцијација за промовирање на соработката во областа на земјоделството помеѓу Кина и Централно Источни Европски земји.

Со потпишување на Меморандумот Република Македонија автоматски станува земја-членка на Асоцијацијата.


Дополнителни субвенции за домати
Дата на објава: 
26 Јуни 2015
mihailcvetkooov - Copy.jpg

Владата на Република Македонија донесе одлука да излезе во пресрет на барањето на земјоделците, производители на домати кои што во изминативе денови имаат проблем со пласманот на овие производи.

Владата на предлог на Министерството за  земјоделство, шумарство и водостопанство ја усвои дополнителната финансиска поддршка од 6,5 денари по килограм за производителите на домати.

Право на оваа субвенција  имаат градинарите кои своето производство ќе го предадат во преработувачки капацитети за зеленчук во земјава или во странство,директно или преку еден регистриран откупувач по откупна цена не повисока од 5 денари за килограм,во периодот од 26 јуни 2015 година до 15 јули 2015 година.

Крајниот рок за поднесување на барања е до 30 ноември 2015 година.

Целта на предложените субвенции е стабилизирање на пазарот со домати.


Syndicate content