Новости

Прес конференција на вицепремиерот Владимир Пешевски и министерот за земјоделство Љупчо Димовски
Дата на објава: 
30 Август 2012
image3.jpg

Препорачаната откупна цена на грозјето од годинашната реколта ќе биде повисока за два денари, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Така минималната откупна цена за смедеревката ќе изнесува 10 денари за килограм, а за грозјето вранецот 12 денари за килограм. Овие цени ќе важат доколку лозарите сами го доставуваат грозјето до откупните центри.

- Ова беше поднесено како барање од неколку здруженија на  лозари. Од низата средби со откупувачите и производителите на вино беше постигната начелна согласност дека ова треба да биде препорачаната цена за оваа откупна сезона. Овие цени ќе важат за грозјето што ќе биде донесено во самите винарии, истакна вицепремиерот Пешевски на прес-конференција.

Владата разработува и механизам за покривање на дел од транспортните трошоци од истурените транспортни центри до винариите.


Одржан првиот Совет за земјоделство и рурален развој
Дата на објава: 
30 Август 2012
jpg

Почна со работа  Советот за земјоделство и рурален развој, новоформирано 19-члено тело со претставници од земјоделските здруженија, науката, преработувачкиот и винскиот сектор..,  кои  со државните институции  ќе ја креираат земјоделската политика.

На денешната конститутивна седница на Советот станало збор за националната програма  за финансиска поддршка и рурален развој од 2013 до 2017 година, што на негов предлог за две недели ќе биде во владина процедура.

-  Тоа е сериозен документ што бара голема дискусија. Сега дискусијата за оваа програма ќе премине на потсекторските групи за да конечната верзија за две недели биде повторно на разгледување кај Советот и како предлог на Министерството и на Советот да се достави во владина процедура, изјави по состанокот министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димоски.


Доделени договорите за концесија за рекреативен и стопански риболов
Дата на објава: 
27 Август 2012
jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска ги додели договорите за давање под концесија на акумулацијата „Шпилје“, Охридското и Дојранското Езеро за организирање стопански риболов, како и договорите за концесионирање на седум риболовни ревири и 18 риболовни зони за организирање рекреативен риболов.

Концесиите се за период од шест години, а начините и условите за користење се утврдени во риболовните услови. Во риболовните основи воедно е одредена и висината на финансисксите средства кои концесионерот ги уплаќа во Буџетот на Република Македонија како надомест за концесијата.

Надоместот за концесијата за рекреативен риболов изнесува 10 отсто од вредноста на продадените дозволи, а за стопанскиот е 10 проценти од продажната цена по видови риби.


Продолжува успешната соработка меѓу министерствата за земјоделство на Р. Македонија и Р. Словенија
Дата на објава: 
25 Август 2012
 2.jpg

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчo Димовски во рамки на својата посета на Република Словенија одржа билатерална средба со својот словенечки колега министер за земјоделство и животна средина, Франц Боговиќ.


На средбата се разговараше за текот на реализацијата на билатералните договори во земјоделството, се дадоа предлози за проектите за идната година како и техничка соработка меѓу двете министерства и  експертска помош од словенечкото министерство за земјоделство.



Соопштение
Дата на објава: 
25 Август 2012
 1.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчo Димовски денеска го посети саемот за земјоделство во Горна Радгона, Словенија. По повод отворањето на Агра - 50 Меѓународен саем за земјоделство и храна, министрите за земјоделство  кои беа присутни на саемот беа поздравени од НЕ Данило Турк, Претседател на Република Словенија. Претседателот го поздрави јубилејното отварање на саемот и им посака добредојде на министрите за земјоделство и изрази надеж за продолжување на соработката во областа на земјоделството.


Syndicate content