Јавен оглас бр. 01/15
Дата на објава:
11 Јуни 2015Влада на Република Македонија
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Врз основа на член 21-а од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14 и 72/15), по Одлука бр.22-6463/1 од 02.06.2015 година, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува
Јавен ОГЛАС бр.01/15
за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост
за површини над 10 хектари
I. ПРЕДМЕТ НА јавниот ОГЛАС
Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата во регионите Валандово, Гевгелија и Струмица за вкупна површина од 33 ха 11 ар 95 м2 и тоа во:
Регион Валандово, Катастарска општина Казандол со вкупна површина од 11ха 71ар 89м2
Регион Гевгелија, Катастарска општина Негорци со вкупна површина од 12ха 16ар 37 м2