Дата на објава:
12 Септември 2012Земајќи ги во предвид состојбите во подсекторот за ориз во 2011/2012 година и во соработка со претставниците на производителите и откупувачите на ориз, Владата на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе заклучок да се излезе во пресрет на нивните барања со дополнителни мерки за поддршка на производителите и откупувачите на ориз.
1. За произведена и предадена оризова арпа во регистрирани домашни откупно-преработувачки капацитети:
- производна површина до 2,5ха –3,5 ден/кг
- производна површина од 2.6ха до 5ха – 2 ден/кг
- производна површина од 5,1ха до 7,5ха – 1,5 ден/кг
- производна површина од 7,6ха до 10ха – 1 ден/кг
2. Дополнителна мерка за стандардизација на квалитетот на белиот ориз во висина од 2 ден/кг за преработувачите на ориз.
Аплицирањето по овие мерки започнува од 01.10.2012 и ќе трае до 15.12.2012.