Објавен повик за давање во закуп на земјиште над 3 хектари во Свети Николе, Струга, Ресен и во Струмица
Дата на објава: 
10 Август 2015
P8100121.JPG

Денеска е објавен Јавниот оглас за давање под закуп на државно земјоделско земјиште за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање. Земјиштето е во четири региони, а најголемиот дел од вкупно 4.565-те хектари, се во Свети Николе. Таму се понудени 4.484 хектари државно земјиште, кое е поделено во четири целини. Во првата од нив, инвеститорот е должен да изгради краварска фарма за максимум четири години, односно да вложи најмалку 6 милиони евра.

 

Како што соопшти на прес-конференција заменик-министерот Ванчо Костадиновски, земјиштето од првата целина се дава во закуп на 15 години, а од останатите три целини на различен период зависно од намената - ако се употребува за одгледување долгогодишни насади (лозје, овошки) над 30 години, за житни култури 15 години, за маслинарници 50 години, за лешници 70 години,...

 

Во овие три целини инвеститорот мора да вложи најмалку два милиона евра во преработувачки капацитет кој ќе им биде на располагање и на земјоделците од другите региони.

 


Отворени денови на Платежната агенција
Дата на објава: 
7 Август 2015
Pres.jpg

Околу 60 општини и 102 населени места ќе бидат посетени во рамки на претстојните Отворени денови на Платежната агенција кои почнуваат на 13 август, и ќе траат еден месец, до 13 септември.

 

Како што најави на прес-конференција заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, целта на Отворените денови за граѓаните е реализирање директни средби со земјоделците и претставниците на бизнис заедницата на кои ќе се дискутираат сите проблеми, но ќе се даваат и сугестии, предлози и идеи од нивна страна кои потоа ќе бидат разгледани и евентуално преточени во конретни мерки за подобрување на состојбите.

 

Посетите на стручните тимови ќе се одвиваат во попладневните часови за да не им се одзема времето на земјоделците.

 


Заврши проектот „Помош за ИПАРД Агенцијата за подготовка на акредитација за мерката – Инвестиции во руралната инфраструктура“
Дата на објава: 
23 Јули 2015
132735690.jpg

Подобрување на условите за живот во руралните средини, создавање поволна средина за економски развој и отворање работни места, корегирање на регионалните диспаритети и придонес во процесот на намалување на отселувањето од руралните области е основна цел на новата мерката „инвестиции во руралната инфраструктура“од ИПАРД програмата на ЕУ.

За подобра имплементација на оваа мерка во Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој беше спроведен твининг проект со Агенцијата за земјоделски пазари и рурален развој на Словенија како твининг партнер, финансиран од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ. Проектот овозможи зајакнување на нејзината организациска структура, изработка на акредитациски пакет од процедури за имплементација на мерката, како и подготовка на упатства за крајните корисници на мерката.


СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА за воведеното ограничување за движење на лица во шумите и шумските појаси
Дата на објава: 
22 Јули 2015
foto.jpg

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

за воведеното ограничување за движење на лица  во шумите и шумските појаси

 

 

1. Се воведува ограничување на движењето на сите лица во шумите и шумските појаси за  периодот од 22.07.2015 година до 05.08.2015 година во термин од 7,00 часот наутро до 17,00 часот попладне (освен ако лицето нема добиено соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја).

Ова ограничување не важи за вработените во Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја,.

Во периодот од 17.00 часот попладне до 7.00 часот наутро дозволено е движење на сите лица во шумите и шумските појаси заради одмор и рекреација на сопствена одговорност за својата безбедност и обврската за ненанесување на штети на шумата (палење на отворен оган во шума и др).


Цветков: Ќе се субвенционира 50 проценти од каматата за ИПАРД проекти
Дата на објава: 
21 Јули 2015
P7210007.JPG

Педесет проценти од каматата за сите кредити за инвестиции на земјоделците финансирани со ИПАРД програмата ќе ги покрива Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за рурален развој, одлучи Владата на последната седница.

Според министерот за земјоделство Михаил Цветков, со ИПАРД програмата со 75 проценти ќе се кофинансираат проектите на земјоделците од општините зафатени со поплавени од почетокот на годинава.

Каматните стапки во комерцијалните банки се високи и се движат од 4 до 8 проценти, а профитот во земјоделството не е значително голем. Со субвенционирањето земјоделците ќе треба да плаќаат од 2 до 4 проценти камата што сметаме дека е солидна и ќе може да ја враќаат, рече денеска на прес-конференција министерот за земјоделство Михаил Цветков.


Syndicate content