Новости

Министерот Димовски во Москва се сретна со рускиот министер за земјоделство Фјодоров
Дата на објава: 
9 Октомври 2012
jpg

,,Размената на земјоделски производи со Република Македонија е зголемена неколкукратно. Се повеќе увезуваме производи од Македонија. Со ниту една земја не сме имале такво интензивирање на соработката како со вашата земја. Нашите потрошувачи веќе ги препознаваат македонските производи, кои се конкурентни и имаат препознатлив квалитет. Има големи перспектива  за пласман на овошје и зеленчук на рускиот пазар.“ Ова на билатералниот состанок кој попладнево се одржа во Москва, Русија му го порача на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, Николај Фјодоров, министер за земјоделство на Руската  Федерација.


Федерацијата на фармерите одбележа 10 години од основањето
Дата на објава: 
4 Октомври 2012
jpg

Федерацијата на фармерите на Македонија (ФФРМ) денеска одбележува 10 години од основањето и пет годишен јубилеј од издавањето на списанието „Моја земја“.

Министерот Димовски истакна дека Федерацијата на фармерите претставува пример како невладиниот сектор ги интегрира македонските земјоделци, и во соработка со Владата и ресорното Министерство, активно креира платформа за унапредување и развој на земјоделското производство во државата. Федерацијата, посочи, е социо - економски партнер, а списанието „Моја земја“  веќе пет години е советник на земјоделците и ги запознава каде да ги насочат своите вложувања, кои производи се атрактивни на пазарот, кои се најсовремените средства за прихрана и одржување на насадите.

 

Земјоделскиот сектор, нагласи Димовски, во изминатиот период бележи позитивни движења како резултат на правилно насочените мерки за негова поддршка. Особено е зголемен извозот, кој од 242 милиони евра во 2006 година, годинава се зголемил на речиси 500 милиони годинава.


Договорно производство – партнерство за поголем успех на вредносниот синџир за преработка на зеленчук
Дата на објава: 
27 Септември 2012
9271885.JPG

Нов прирачник за Договорно производство се промовираше денеска пред производителите и останатите субјекти вклучени во секторот производство и преработка на земјоделски производи.

Прирачникот има за цел да ја подобри веќе воспоставената соработка меѓу фармерите и преработувачите и да придонесе за зголемена конкурентност но и постабилни приходи за сите учесници во овој вредносен синџир.

Според министерот Димовски посветеноста на Министерството за земјоделство во интегриран развој на вредносните синџири, подобрување на конкурентноста на земјоделскиот сектор и стабилизирање на приходите на земјоделците, ја потврдува и преку носење и доследно спроведување на законски и подзаконски одредби кои го регулираат договорното производство и неговото доследно имплементирање.


ИЗВЕСТУВАЊЕ
Дата на објава: 
19 Септември 2012

ИЗВЕСТУВАЊЕ
за поднесување барање за посетување на почетна обука за проценувачи за процена на вредноста на средствата во земјоделството
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите за посетување на почетна обука за овластен проценувач, да поднесат барање за посетување на почетна обука за проценувачи на вредноста на средствата во земјоделството.


Тутунопроизводителите од пет држави против препораките за намалување на производството на тутунот
Дата на објава: 
14 Септември 2012
jpg

Препораките на Светската здравствена организација (СЗО) за намалување на производството на тутун се закана за егзистенцијата на стотици и илјадници семејства и со нив нема да се спречат луѓето да не пушат, оценуваат одгледувачите на тутун од Македонија, Бугарија, Србија, Грција и Турција.

 

Тие на денешниот форум за ориентален тутун, што го организира Меѓународната асоцијација на одгледувачи на тутун, истакнаа дека со намалувањето на производството на тутун нема да се намали бројот на пушачи и оти одгледувањето тутун не е штетно за животната средина.

 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски повтори дека и понатаму ќе има производство на тутун и оти ќе се исплаќаат субвенции за него.


Syndicate content