- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Исправка за Јавен повик 02/15 објавен на 01.09.2015
Дата на објава: 3 Септември 2015Влада на Република Македонија Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Се врши исправка во Јавниот Повик бр. 02/15 за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари објавен во дневните весници Вечер, Нова Македонија и Коха на ден 01.09.2015 година
Во Дел V став 1 точка а) алинеја 8 зборовите “најмалку 5 години“ се заменува со зборовите “најмалку 3 години“. Во точка б) алинеја 9 зборовите “најмалку 5 години“ се заменува со зборовите “најмалку 3 години“.
Останатите одредби од јавниот повик остануваат исти.
Одредбите од Јавниот повик бр. 02/15 можете да ги прочитате тука. Исправка за Јавен повик 01/15 објавен на 01.09.2015
Дата на објава: 3 Септември 2015Влада на Република Македонија Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Се врши исправка во Јавниот повик бр.01/15 за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари, објавен во дневните весници Вечер, Нова Македонија и Коха на ден 01.09.2015 година
Во Дел V став 1 точка а) алинеја 8 зборовите “најмалку 5 години“ се заменува со зборовите “најмалку 3 години“. Во точка б) алинеја 9 зборовите “најмалку 5 години“ се заменува со зборовите “најмалку 3 години“.
Останатите одредби од јавниот повик остануваат исти.
Одредбите од Јавниот повик бр. 01/15 можете да ги прочитате тука. Стартуваше Проектот за развој на живинарството во Македонија
Дата на објава: 3 Септември 2015Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Михаил Цветков претпладнето ја отвори почетната работилница од Проектот за развој на живинарството во Македонија. Станува збор за Проект што се спроведува со техничка помош од Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – ФАО, во чија реализација се вклучени и меѓународни и домашни експерти. Покрај нив, на денешниот старт на работилницата присуствуваа и претставници од владини институции, бизнис секторот, индивидуални производители, факултети и од невладиниот сектор.
Во поздравното обраќање, министерот Цветков рече дека државата ќе помогне за развој на живинарството во Македонија. Планот е во идната година од Буџетот да бидат издвоени околу 3 милиони евра за да се изгради фабрика за производство на јајца во прав и конзервирани јајца, а доколку биде неопходно ќе се гради и кланица и ќе се организира кооперативи за производство на бројлерско месо и производство на пилиња и матични јата. Охридското Езеро порибено со триста илјади единки подмладок ендемична пастрмка
Дата на објава: 2 Септември 2015Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска присуствуваше на порибувањето на Охридското Езеро со 300.000 единки од ендемичниот вид охридска пастрмка. Рибите се со должина од седум до осум сантиметри и тежина 2,5 до три грама, а подмладокот изведен од првото измолзување пастрмка спроведено на 17 јануари оваа година.
Министерот Цветков при посетата на Хидробиолошкиот завод во Охрид потсети дека Владата на РМ секоја година, согласно годишните програми за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата, предвидува мерки и обезбедува потребни финансиски средства за изведување на вештачки мрест и порибување на езерата. За годинешното порибување на езерото со ендемичен вид охридска пастрмка се издвоени средства во износ од 7,5 милиони денари, за излов, одгледување и порибување со околу 2,4 милиони единки пастрмка.
Јавен повик бр.02/15
Дата на објава: 1 Септември 2015Влада на Република Македонија Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Врз основа на член 25-б став 1 и став 2 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13, 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15 и 98/15), по Одлука бр.22-9010/1 од 26.08.2015 година, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува
Ј а в е н П О В И К бр.02/15 за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари
I.ПРЕДМЕТ НА јавниот ПОВИК Додаток за превземање: |