Дата на објава:
7 Ноември 2012На Скопскиот саем од денеска до сабота се одржува 62. Меѓународен саем за широка потрошувачка Агрофуд 2012 на кој се претставени најновите земјоделски машини, насади и вештачки ѓубрива, како и достигнувања во органската храна.
Саемот се простира во две хали на површина од 5.000 метри квадратни, а за првпат годинава е поставен и Слоу фуд Македонија каде ќе се подготвува традиционална здрава храна, а ќе се претстават 12 конвивиуми од Македонија.
Саемот го отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски кој меѓу другото истакна дека Македонија има со што да се пофали кога станува збор за земјоделството и оти македонските земјоделски производи се одликуваат со одличен и посебен квалитет.
Тоа, смета Димовски, е дополнителен мотив стратешки и заеднички да се гради стратегијата за промоција на земјоделските производи во земјата и во светот.