|
С О О П Ш Т Е Н И Е ЗА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ПРОЦЕНА НА ТУТУН
Дата на објава: 15 Септември 2015
Пријавувањето на заинтересираните кандидати за полагање испит заради добивање на лиценца за процена на тутун ЗАПОЧНУВА НА 15 СЕПТЕМВРИ И ЗАВРШУВА ЗАКЛУЧНО СО 30 СЕПТЕМВРИ 2015 година.
I.Услови за одобрување на полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун
Согласно член 26 од Законот за тутун и тутунски производи кандидатите кои сакаат да полагаат испит за добивање на лиценца за процена на тутунот треба да бидат:
- со соодветно високо, вишо или средно образование од областа на технологијата за производство и обработка на тутун или со или без работно искуство;
- без соодветно високо образование, а со две години работно искуство, вишо образование со три години работно искуство или средно образование со четири години работно искуство во областа на технологијата за производство и обработка на тутун или
Јавен оглас бр. 04/15
Дата на објава: 12 Септември 2015Влада на Република Македонија
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Врз основа на член 21 став 1 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15 и 154/15), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува
Јавен ОГЛАС бр.04/15
за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари
1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС
Се дава во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од 2ха 65ар 59м2 , за Регион Струмица - Географска целина 1.
Со современа технологија и планско производство до успешно земјоделство
Дата на објава: 9 Септември 2015Единствен начин за решавање на проблемите во земјоделството е создавање квалитетен, конкурентен производ, а тоа е можно само со воведување нова, современа технологија и следење на светските трендови, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков по денешната работна посета на Свети Николе.
Цветков присуствуваше на пуштањето во работа на новиот комбајн за автоматско собирање домати, вреден 170.000 евра што го набави фирмата Балкан Еко Фрут, а ги посети и погоните на МИК Свети Николе, една од македонските компании која се уште не ги исполнува условите за извоз на рускиот пазар.
- Само со договорно производство кога земјоделецот точно ќе знае што и колку треба да произведе, со иновации и примена на современа технологија можеме да ги надминеме клучните предизвици. Треба да се работи единствено во овој правец. Македонија е мала и не може да ги задоволи надворешните пазари, но може да изнајде начин за сигурен пласман, истакна министерот.
Јавен повик за техничка поддршка во инвестициони вложувања за воспоставување на лаборатории за проверка на квалитетот на млекото
Дата на објава: 10 Септември 2015Влада на Република Македонија
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Врз основа на член 101 став (2) од Законот за земјоделство и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15 и 83/15) и член 12 став (1) и став (2) од Уредбата за видот на активности, максималниот износ по активности, корисниците, субјектите кои учествуваат во постапката, поблиските критериуми и начинот за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 06/13, 81/13, 1/14, 23/14, 136/14, 157/14 и 139/15), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува,
Ј а в е н П О В И К
за техничка поддршка во инвестициони вложувања за воспоставување на лаборатории за проверка на квалитетот на млекото во Штип и Тетово
I. ПРЕДМЕТ НА јавниот ПОВИК
Се отвора рускиот пазар за македонската млечна и месна индустрија
Дата на објава: 9 Септември 2015Микробиолошка исправност, детектирање присуство на контаминенти и резидуи во храната, како и нејзина следливост особено во однос на суровината која во најголем дел треба да биде од Македонија, но може да потекнува и од земји кои извезуваат во Русија, се клучните услови што треба да ги исполнат македонските компании за пласман на рускиот пазар.
Ова го порачаа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски по денешната посета на МИК Свети Николе.
По контролите од руска страна кои почнаа во јули годинава, оценето е дека од вкупно 15, само три компании или четири погони за млечни производи ги задоволуваат критериумите. Останатите, девет од млечната и шест од месната индустрија, имаат период од 60 дена во кој треба да ги отстранат констатираните недоследности.
|
|
|