Дата на објава:
9 Ноември 2012Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство денеска објави јавен повик за давање во закуп на државно земјоделско земјиште во регионот Свети Николе, за вкупна површина од над 5353ха 95ар 46м2 за катастарските општини Пеширово, Амзабегово, Кнежје, Црнилиште, Аџиматово, Сарамзалино, Ѓуземелци, Милино, Лозово, Каратманово, Дорфулија, Ќоселери, Аџи Бегово и Делисинци.
Земјоделското земјиште предмет на огласот се дава под закуп како целина.
Земјоделското земјиште предмет на огласот се дава под закуп за одгледување на други земјоделски култури (житни и фуражни).
Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето е 15 години.
Времетраењето на закупот по истекот на времетраењето на склучениот договор за закуп, може да се продолжи со непосредна спогодба за закуп за следниот период од 15 години, под истите услови кои се наведени во претходниот договор, доколку закупецот во целост ги исполнил обврските од претходниот договор за закуп.