Цветков ги презентира можностите за инвестирање во земјоделско-прехранбениот сектор
Дата на објава:
24 Септември 2015Македонија, во делот на земјоделството и индустријата за храна, на располагање на идните инвеститори им нуди земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп за примарно производство, парцели за изградба на откупни центри за овошје и зеленчук и винарски визби, како и целосна поддршка за реализација на деловните идеи.
Ова денеска го истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков на Форумот за земјоделство, трговија и економска соработка помеѓу земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина што се одржува во Будимпешта, Унгарија, презентирајќи ги деловните можности за трговска соработка и инвестирање во македонскиот земјоделско-прехранбен сектор.
Цветков посочи дека секторите со компаративна предност, кои се извозно-ориентирани и атрактивни за инвестирање, се свежиот и преработен зеленчук и овошје, производството на вино, на ароматичен ориентален тутун и јагнешко месо, како и органското производство.