Пекабеско отвори нов производствено-логистички центар за месо и сувомеснати производи
Дата на објава:
17 Ноември 2012Компанијата Пекабеско денеска го пушти во употреба новиот производствено-логистички центар за производство на месни и сувомеснати производи.
Вкупната инвестиција е 13 милиони евра, од кои 9,5 милиони се обезбедени преку кредит од Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Македонската банка за поддршка на развојот, а останатите се сопствени средства на компанијата.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски истакна дека центарот е изграден по сите европски и ХАСАП стандарди за производство на сувомесни производи.
- Фабриката има капацитет за производство од 35 тони на ден, конфекционирање на свежо месо, производство на паштети, складирање и расекување на свежо месо, пакување на смрзната риба, пакување на смрзнат зеленчук и овошје и магацини со 7.000 палетни места на сите режими на лагерување. За сето ова да се постигне ќе бидат потребни најмалку 30 тони свежо или замрзнато месо како суровина дневно, рече министерот Димовски.