Продолжува владината поддршка за производството на ориз
Дата на објава: 
4 Октомври 2015
DSC_0480.JPG

Владата ќе продолжи да го поддржува производството на ориз преку директните субвенции од 11.000 денари за хектар и од 15.000 денари за оние кои користат сертифициран семенски материјал, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанаство Михаил Цветков, отворајќи ја 4. Меѓународна манифестација на кочанскиот ориз во село Прибачево.

Со несмалено темпо, додаде Цветков, продолжуваат и инвестициите во системите за наводнување. Целта е во наредните десет години преку планираните вложувања во рехабилитација на постоечките и изградбата на нови системи, да се вратат сегашните 4.600 хектари на површините на кои некогаш се сееше оризот, односно на 8.000 до 9.000 хектари.

Според министерот, со максимално ангажирање на сите структури особено по поплавите, исчистени се сите канали во должина од 95 километри и навреме е донесена вода потребна за сеидбата на оризот.


Договорени минималните цените откупни цени на оризот
Дата на објава: 
1 Октомври 2015
foto.jpg

Белиот ориз да се откупува со почетна цена од 50 денари по килограм. Ова денеска на работниот состанок во министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство го договорија претставници на откупувачите,земјоделските здруженија и на оризопроизводителите.

Жетвата на оваа житна култура е на почеток , поради што  Министерството ќе продолжи да ја следи состојбата со откупот и во зависност од движењето на цените на пазарот и доколку има потреба ќе се оддржи уште еден состанок.


СООПШТЕНИЕ
Дата на објава: 
1 Октомври 2015

 

СООПШТЕНИЕ

за полагање на првиот дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун

за кандидатите кои добиле решение од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство за исполнување на услови за полагање на испит

за добивање на лиценца за процена на тутун

 

 

Полагањето на првиот дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун ќе се спроведува во просториите на Испитниот Центар кој се наоѓа на следната локација: улица Христо Смирненски бр.30 ламела 1-Скопје (во близина на Универзална сала), на 05 ноември 2015 година, со почеток од 11 часот и завршување до 13 часот.

Истиот се врши со одговарање на определен број прашања во вид на решавање на електронски тест на компјутер.

Првиот дел од испитот се полага за секоја соодветна област и содржи најмалку десет прашања со пет опции за заокружување од кој една е точна, две се слични, една не е точна во мал обем (на неа се губат мал број поени) и една не е точна во голем обем (на неа се губат поголем број поени).


Министерот Цветков го отвори саемот „Агрофуд“.
Дата на објава: 
1 Октомври 2015
agrofud.jpg

За квалитетно и конкурентно земјоделско производство неопходни се напредни технологии, повисоки стандарди за квалитет и безбедност на храна, поголема финансиска поддршка и инвестиции, како и прилагодување кон барањата на потрошувачите, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, отворајќи го годинашниот 65. Саем  за широка потрошувачка „Агрофуд“.

Земјоделското производство во Македонија, нагласи Цветков, ги задоволува потребите на домашниот пазар со висок процент од околу 95 отсто, а во одредени потсектори е и извозно ориентирано и конкурентно на странските, а пред се на европскиот пазар.

- Владата во изминатите години е примарно насочена кон подобрување на конкурентноста на стратешките извозно ориентирани земјоделски производи, паралелно со зголемување на обемот на производство заради задоволување на домашните потреби, што се реализира преку низа мерки и политики, вклучувајќи го и драстичното зголемување на финансиската поддршка за инвестиции, истакна министерот.


Оглас за вработување во проектна единица
Дата на објава: 
29 Септември 2015

Оглас за вработување во проектна единица за Resident Twinning Adviser (RTA) Assistant и преведувач за “Further strengthening of AFSARD and preparing the Agency for the programming period 2014 - 2020”:

 

Прочитај повеќе: http://www.mzsv.gov.mk/?q=node/1591


Syndicate content