- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
СООПШТЕНИЕ за кандидатите за полагање на првиот дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун
Дата на објава: 29 Октомври 2015Полагањето на првиот дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун ќе се спроведува во просториите на Испитниот Центар кој се наоѓа на следната локација: улица Христо Смирненски бр.30 ламела 1-Скопје (во близина на Универзална сала), на 05 ноември 2015 година, со почеток од 11 часот и завршување до 13 часот.
Начин на уплата и Список на кандидати со решение за исполнување на услови за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун во додаток. Додаток за превземање: Обука за советници за органско производство
Дата на објава: 29 Октомври 2015Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) „Зголемување на пазарната вработливост“ имплементирана од Швајцарски контакт , со поддршка на министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, организира обуки за органско производство, наменета за агрономи или лица со претходно искуство во земјоделието. Обуката ќе ја спроведува Федерацијата на производители на органски производи на Македонија и тоа во Битола од 03 до 07 ноември 2015, во Струмица од 10 до 14 ноември и во Скопје од 17 до 21 ноември 2015. Учество ќе земат гости-предавачи и претставници од компании вклучени во процесот на органско производство како потенцијални работодавачи од агро-секторот во Македонија. Обуката се однесува на одгледување и преработка на зеленчук и овошје како и процедурите за контрола и сертификација. По завршување на обуката, обучените лица ќе може да понудат советодавни услуги на фармерите, сертификациските тела, кооперативите и другите корисници. Одбележан „ Ден на тутунот“
Дата на објава: 28 Октомври 2015На плоштадот „Александрија“ во Прилеп денеска во рамки на одбележување на светскиот ден на тутунот, 28. Октомври, во организација на Сојузот на тутунските здруженија, тутунари од сите краишта на Македонија го изложија своето најдобро годинашно производство на тутунот. Манифестацијата ја отвори Данчо Милески, претседател на сојузот на тутунските здруженија на Македонија, а тутунарите ги поздравија министерот за земјоделство Михаил Цветков и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески. Јавен оглас за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост со јавно наддавање
Дата на објава: 6 Октомври 2015Влада на Република Македонија Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Врз основа на член 10 став 1 од Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост (“Службен весник на Република Македонија“ бр.87/13, 106/13, 137/13, 61/15 и 97/15), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува
Ј а в е н О Г Л А С за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост со јавно наддавање
I. ПРЕДМЕТ НА јавниот ОГЛАС Предмет на јавниот оглас за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост со јавно наддавање е земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од 177 ха 37 ар 53м2 . Предмет на продажба преставува земјоделско земјиште во државна сопственост определено како 53 блока со површини до 10 хектари, врз основа на постоечката катастарска евиденција на Агенцијата на катастар на недвижности Додаток за превземање: Додаток за превземање: Додаток за превземање: ИЗВЕСТУВАЊЕ
Дата на објава: 6 Октомври 2015Влада на Република Македонија Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Се известуваат сите заинтересирани субјекти дека на ден 15.10.2015 година со почеток во 12 часот во големата сала на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се одржи јавна расправа за содржината на нацрт верзиите на риболовните основи. Нацрт верзиите на риболовните основи се објавени на www.mrf1952.mk Согласно член 16 од Законот за рибарство и аквакултура (“Службен весник на Република Македонија“ бр.07/08, 67/10, 47/11, 53/11, 95/12, 164/13, 116/14 и 154/15) за секоја риболовна вода на која се врши риболов се изработува риболовна основа. |