Дата на објава:
26 Јануари 2013Заврши реализацијата на првата фаза од изградбата на хидросистемот „Злетовица“. Инвестицијата е вредна 100 милиони евра, а со неа се решава проблемот за водоснабдување на шест општини во источниот дел од земјава.
Браната денеска свечено ја пуштија во употреба премиерот Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за транспорт и врски, Љупчо Димовски и Миле Јанакиески.
Браната е висока 75 метри, во основа широка е 300 метри и со должина на акумулацијата од 4 километри, со максимална можност да акумулира 23,5 милиони метри кубни вода. Седумдесет милиони евра се обезбедени преку кредит од Јапонската агенција за меѓународна соработка „Џајка“, а 25 милиони од Владата на Република Македонија.