СООПШТЕНИЕ
Дата на објава: 
13 Ноември 2015

за полагање на вториот (практичен) дел од испитот за добивање на лиценца

за процена на тутун за кандидатите кои го положија првиот (теоретски) дел од испитот на 05.11.2015 година

 

Полагањето на вториот(практичен)  дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун ќе се оддржи во салата за состаноци во НАУЧЕН ИНСТИТУТ ЗА ТУТУН ПРИЛЕП со седиште на ул.Кичевска бр.ББ, Прилеп на 27 ноември 2015 година, со почеток од 11 часот.

Вториот (практичен) дел од испитот се состои од решавање на три до пет практични примери со три до пет прашања во познавање на тутунската суровина.

Одговорите на кандидатот на секое прашање во познавањето на тутунската суровина се бодуваат со најмалку 10 а најмногу 50 бодови, при што вкупниот збир на бодови се пресметува според просечната вредност на добиени бодови за секое прашање.

Вкупниот збир на бодови од вториот (практичен) дел од испитот е 50 бода.

Вториот (практичен) дел од испитот се смета за положен со добиен најмалку 21 бод.


Со системите „капка по капка“ повеќекратно зголемен приносот на пченка
Дата на објава: 
11 Ноември 2015
132888648.jpg

Не само четири, како што беше првично предвидено, туку сите осум региони во Македонија ќе бидат опфатени со проектот на УСАИД за воспоставување систем „капка по капка“ кој овозможува поголемо, рентабилно производство на сточна храна и намалување на увозот, беше речено на денешната презентација во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Проектот, освен преку владината Програма 50:50, ќе биде финансиски поддржан и од ИПАРД 2.

За седум години, од 2014 до 2021-ва, треба да се постават системи за наводнување „капка по капка“ на околу 7.000 хектари. Со тоа тоа ќе се задоволат количините кои ги увезуваме, а кои лани достигнаа 62.000 тони или 10 милиони евра, односно просечното производство повеќекратно ќе се зголеми.

- Владата стои целосно зад овој проект на УСАИД чии резултати се повеќе од евидентни и максимално ќе помогне за негова реализација, изјави ресорниот министер Михаил Цветков по презентацијата.


Работен состанок во МЗШВ на вицепремиерот Бесими и министерот за економија Незири
Дата на објава: 
9 Ноември 2015
PB090054.JPG

Владина делегација предводена од министерот за економија, Беким Незири, во која беа и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими и пратеникот Реџаил Исмаили, денес остварија работна посета на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде беа примени од страна на министерот Михаил Цветков, од државниот секретар Бесир Јашари и директорите во овој ресор. 


Јавен оглас бр. 05/15
Дата на објава: 
4 Ноември 2015

Влада на Република Македонија

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

 

Врз основа на член 21-a став 1 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15 и 154/15), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува

 

Јавен ОГЛАС бр.05/15

за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање

1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС

Се дава во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина  од 26ха 94ар 92м2

Додаток за превземање: 

Цветков: Изградба на сушари за сигурен пласман на производството
Дата на објава: 
1 Ноември 2015
PB010039.JPG

Изградба на мали сушари за зачувување на вишокот земјоделски производи и нивен сигурен пласман како полупроизводи со повисока цена, најави денеска ресорниот министер Михаил Цветков, отворајќи ја традиционалната манифестација Денот на празот во село Градашорци, општина Василево.

Станува збор за проекти, објасни Цветков, кои ќе можат да се реализираат преку ИПАРД пограмите.

- Подготвуваме проекти за мали сушари во кои земјоделците, количините што не ќе можат да ги продадат како свежи, ќе можат да ги сушат, а потоа и нив да ги пласираат на пазарот. Со тоа практично им се овозможува продажба на целата произведена количина, рече министерот.

ИПАРД 2 Програмата предвидуваа 60 отсто кофинансираање, а Гарантниот фонд ќе гарантира 50 проценти од хипотеката.

- Тука е и субвенцијата за каматата што земјоделецот ќе ја земе од банката. Ние ќе ја кофинансираме со 50 проценти, нагласи Цветков.


Syndicate content