Анѓушев: Владата е насочена кон реални економски проекти за објективни и одржливи позитивни резултати
Дата на објава:
6 Јуни 2018Потпретседателот на Владата на Р.Македонија задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, заедно со министрите за финансии Драган Тевдовски, за транспорт и врски Горан Сугаревски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, ги презентираа резултатите од анализите за ефектите од економските политики на Владата на Република Македонија.
Анализите се изготвени врз основа на податоци добиени од државните институции и од стопанските комори што ги користи економскиот тим на Владата при креирање на краткорочни и долгорочни политики.
Вицепремиерот Анѓушев посочи дека Владата е насочена кон реални економски проекти, кои ќе дадат објективни и одржливи позитивни резултати.