Дата на објава:
22 Февруари 2012Развој на нови високопродуктивни сорти ориз за унапредување на квалитетот, зголемување на приходот и подобрување на пласманот и маркетингот е целта на проектот што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го спроведува во наредните две години со техничка помош на турската Агенција за соработка и координација (ТИКА).
Имплементацијата на планираните активности, чиј фокус ќе биде ставен на употреба на модерна технологија во производството, индустријата и дистрибуцијата, како и на обука на експертите и земјоделците, ќе почне во кочанскиот регион.
Како што беше истакнато на денешната промоција, целни групи на проектот, освен стручњаците и производителите се и здруженијата, кооперациите, инвеститорите и потрошувачите.