Со ИКТ во агробизнисот до поголемо производство и сигурен пласман
Дата на објава: 
25 Ноември 2015
132911799.jpg

Примената на компјутерите, иновативните технологии, електронските системи и дигиталните платформи е основа за современо, конкурентно земјоделство, порачаа учесниците на денешната конференција „ИКТ во агробизнисот“.

Само ако располагаат со навремени, точни информации, земјоделците, беше речено, ќе знаат што точно да преземат и какви одлуки да донесат за поголемо производство и сигурен пласман.

ИКТ во земјоделството ќе го врати интересот на младите за оваа дејност, ќе поттикне отворање нови работни места и ќе овозможи поефикасно искористување на средствата од европските фондови.


ЈАВЕН ПОВИК
Дата на објава: 
24 Ноември 2015

 

Согласно Правилникот на KfW „Правилник за Прибирање на Понуди за добра, работа и услуги според Финансиската Соработка со Земјите партнери“ издадена од страна на Kreditanstalt für Wiederaufbau (KFW) Банка, Германија, (Септември 2013 година) и Договорот за Заем помеѓу владите на Република Македонија и Сојузна Република Германија, за финансирање на проектот “Програма за наводнување на јужната долина на Вардар„, Министерството за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство, донесува:

 

 

ЈАВЕН ПОВИК

за набавка бр.12-11509/2015

  1. Набавувач

Набавувач е Министерството за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство, Управа за Водостопанство, претставувана од Единицата за Имплементацијата на Програмата, ул. “Јосиф Јосифовски” (барака) Гевгелија.

  1. Процедура за набавка

Тендерот ќе биде отворен, под еднакви услови, за сите физички и правни лица, кои учествуваат поединечно или во група (конзорциум) од подобните земји.


Македонија меѓу малиот број земји со дигитална педолошка карта
Дата на објава: 
20 Ноември 2015
Pedoloska karta.png

Македонија е вистински педолошки музеј. Располага со скоро сите почвени типови што ги има во Централна и Јужна Европа, но тие не се секогаш рационално искористени, беше речено денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по промоцијата на Македонскиот почвен информациски систем, односно Македонската педолошка карта изработена во печатена и дигитална форма.

 

Картата е веќе во фунцкија, а ќе послужи како основа за претстојното т.н. агроеколошко реонирање на Македонија, односно поделба на земјоделското производство според условите со единствена цел - културите да се одгледуваат на најсоодветните почви што ќе значи остварување максимални приноси и квалитет.

 

- Македонија е меѓу малиот број земји кои имаат ваков високо - технолошки систем и биде пример за тоа како може да се подобри управувањето со земјоделството. Со оглед дека е поставен он-лајн, системот е достапен за секој што сака да знае кои култури успеваат на каква почва, изјави Роналд Варгас, координатор на проектот во чии рамки беше изготвена Педолошката карта.

 


Министерот Цветков ја отвори манифестацијата во Кратово
Дата на објава: 
14 Ноември 2015
PB140065.JPG

Производство на здравствено-исправен посадочен материјал за градинарството, отворање што повеќе откупни центри, изградба на нови и обнова на постојните системи за наводнување, се само дел од приоритетните активности во земјоделството на кои континуирано и посветено се работи, рече денеска ресорниот министер Михаил Цветков во Кратово, отворајќи ја манифестацијата „Компиријада 2015“.

Осврнувајќи се на владината определба за квалитетно и конкурентно земјоделско производство, Цветков укажа на потребата од воведување нови технологии и повисоки стандарди.


С О О П Ш Т Е Н И Е
Дата на објава: 
13 Ноември 2015

ЗА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ

ЗА ДОБИВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ПРОЦЕНА НА ТУТУН

( втор испитен рок )

 

Пријавувањето на заинтересираните кандидати за полагање испит заради добивање на лиценца за процена на тутун ЗАПОЧНУВА НА 16 НОЕМВРИ И ЗАВРШУВА ЗАКЛУЧНО СО 26 НОЕМВРИ 2015 година, а ПРВИОТ ДЕЛ ОД ИСПИТОТ ЌЕ СЕ ОДДРЖИ НА 11 ДЕКЕМВРИ 2015 година.

 

I.Услови за одобрување на полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун

Согласно член 26 од Законот за тутун и тутунски производи кандидатите кои сакаат да полагаат испит за добивање на лиценца за процена на тутунот треба да бидат:

- со соодветно високо, вишо или средно образование од областа на технологијата за производство и обработка на тутун или  со или без работно искуство;


Syndicate content